РОКОТ ВРВИ: За да не ви удри по џеб, поднесете даночна пријава!
Објавено во: Финансии 07 Март, 2017
Уште една недела за поднесување на годишни даночни пријави. Обврска која е задолжителна за сите граѓани кои во минатата година имале дополнителни приходи покрај платата или пензијата.
Вратите на УЈП ќе бидат отворени и во сабота до 14 часот па доколку не можете да стигне неделава данок може да пријавите и тогаш.
Од Управата за јавни приходи соопштија дека досега се поднесени вкупно 215.656 годишни даночни пријави, а рекордер е главниот град каде што се поднесени 79.378 даночни пријави.
Зад Скопје на листата градови каде што граѓаните ја извршуваат оваа обврска се Штип, 41.859, Прилеп 32.154, Битола 27.558, Струмица 21.101 и Тетово 13.606.
Годишни даночни пријави се поднесуваат секој работен ден од 8:30 до 18 часот и сабота од 8:30 до 14:00 часот.
Поднесете даночна пријава во спротивно ќе ве удри по џеб.