РОКОТ ЗА ВЛАДА ТЕЧЕ: Груевски и Ахмети се сретнаа-што разговарале?
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2017 21:58
Лидерите на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски денеска остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.
„Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој правец“, се вели во заедничкото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Груевски го доби мандатот за состав на новата влада, но за да успее да формира влада, потребно му е коалицирање со ДУИ, со оглед на тоа дека останатите албански партии, кои освоија пратенички места, БЕСА, Алијансата на Албанците и ДПА, се изјаснија дека не би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, лидерот на ДУИ Али Ахмети, во неколку наврати рече дека на маса се повеќе опции, коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, заминување во опозиција, како и нови избори.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




