Романец измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2022 15:40
Пoлицијата уапси измамник од Романија.
Во селото Ранковце вчера во 13.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Г.И.(23) од Романија. Романецот се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Тој кажал дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи. Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица. Полицијата по целосно документирање на случајот против него ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




