Добивај вести на Viber
Меѓународниот монетарен фонд и одобри на Романија нов двегодишен договор со кој се предвидува кредитна линија од 4 милијарди евра. Како што информираше Андреа Шахтер, директор на мисијата на ММФ во Романија, романските власти не планираат да повлечат пари од овој кредит.
За време на прес-конференцијата, Шахтер изјави дека Романија треба да се концентрира на забрзување на реформите, особено во енергетиката и транспортот, а во исто време да ја консолидира економската стабилност, која беше постигната со помош на претходните договори меѓу Букурешт и доверителите.
Новиот договор треба да добие одобрение и од бордот на директори на ММФ, што најверојатно ќе биде во септември.