22 Декември, 2024
0.0268

РОМАНИЈА И БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ОД ЈАНУАРИ: Што точно значи ова за патниците?

Објавено во: Економија 22 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Од 1 јануари 2025 година Романија и Бугарија конечно стануваат дел од Шенген зоната, што овозможува слободно движење меѓу земјите-членки.

Двете земји се дел од ЕУ од 2007 година, но не беа целосно дел од Шенген, што значеше дека нивните патници мораа да поминат низ пасошка контрола.

Сега тие процедури ќе бидат поедноставени.

Европската комисија уште во 2011 година утврди дека Софија и Букурешт се подготвени да станат дел од Шенген, но тоа никогаш официјално не се случи.

Германија и Франција долго време одбиваа да дадат согласност поради миграциските прашања, но подоцна ги омекнаа ставовите. Холандија и Австрија беа последните пречки, а Виена конечно го укина ветото овој ноември на инсистирање на Унгарија за време на нејзиното претседавање со ЕУ.

Претходно беа укинати контролите на воздушните и поморските граници.

Што се менува при влез во Шенген?

Кога Романија и Бугарија ќе влезат во Шенген следната година, на патниците ќе им биде полесно да ги посетат, барем на хартија.

Граѓаните на земјите-членки на Шенген нема да мора да ги покажуваат своите пасоши на границите, но тоа не важи за копнените премини.

Контролата ќе продолжи да биде меѓу Унгарија и Романија, како и Романија и Бугарија, најмалку шест месеци за „да се спречи каква било закана за јавната политика и внатрешната безбедност“.

Граѓаните на ЕУ кои патуваат со автомобил, воз или автобус сепак ќе треба да ги носат своите пасоши. Од друга страна, ова нема да важи за патниците кои пристигнуваат со авион или брод.

Нашите граѓани, како и досега, мора да ги почитуваат правилата за престој во земјите на ЕУ најмногу 90 дена. Ако останете во Бугарија или Романија 30 дена, а потоа влезете во друга шенген-земја, на пример Грција, тие 30 дена се сметаат за максимални 90. Ако останете во шенген-земја подолго од 90 дена, може да се соочите со парични казни или забрана при влез во земјата.

Колку земји се во Шенген?

Последната земја што се приклучи на Шенген беше Хрватска во 2022 година.

Секоја година во оваа област се прават 1,25 милијарди патувања, а секој ден 3,5 милиони луѓе ги минуваат границите на земјите-членки.

Со влезот на Романија и Бугарија, Шенген зоната ќе ја сочинуваат 29 држави - 25 припаѓаат на ЕУ, а останатите се Норвешка, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн.

Шенген зоната е создадена во 1995 година, десет години по потпишувањето на Шенгенскиот договор меѓу пет земји-членки на Европската економска заедница - Германија, Белгија, Франција, Луксембург и Холандија.

Еуправозато

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СТРАНЦИТЕ РАБОТАТ РАБОТИ КОИ НИКОЈ НЕ ГИ САКА: Секој четврти работник во Европа е мигрант, ги заземаат дури и местата на пензионерите

СТРАНЦИТЕ РАБОТАТ РАБОТИ КОИ НИКОЈ НЕ ГИ САКА: Секој четврти работник во Европа е мигрант, ги заземаат дури и местата на пензионерите

„САМО ТРИ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Бил Гејтс песимист за иднината на работата

„САМО ТРИ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Бил Гејтс песимист за иднината на работата

ФОЛСКВАГЕН НЕМА ДА ЗАТВАРА ФАБРИКИ, НО УДАРОТ ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ РАБОТНИЦИТЕ: До 2030 година ќе има 35.000 вработени помалку

ФОЛСКВАГЕН НЕМА ДА ЗАТВАРА ФАБРИКИ, НО УДАРОТ ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ РАБОТНИЦИТЕ: До 2030 година ќе има 35.000 вработени помалку

НАМЕСТО 14 ЧАСА, ЌЕ СЕ ПАТУВА ОСУМ: Почна со работа брзиот воз меѓу две метрополи, ова е цената на билетот

НАМЕСТО 14 ЧАСА, ЌЕ СЕ ПАТУВА ОСУМ: Почна со работа брзиот воз меѓу две метрополи, ова е цената на билетот

УНГАРСКИ ЗАЕМ: Еве што очекува Мицкоски

УНГАРСКИ ЗАЕМ: Еве што очекува Мицкоски

СИТЕ ЛИЦА НА ТЕМУ ВО МАКЕДОНИЈА: Нарачувате на свој ризик, нема закон што ќе ве спаси ако не сте задоволни

СИТЕ ЛИЦА НА ТЕМУ ВО МАКЕДОНИЈА: Нарачувате на свој ризик, нема закон што ќе ве спаси ако не сте задоволни

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Дали треба да остане неработен?

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Дали треба да остане неработен?

ЗА ОВАА РАБОТА СЕ ПЛАЌА 8 ИЛЈАДИ ЕВРА И СЕ РАБОТИ ОД ДОМА: Побарувачката за овие работници е огромна, еве за што станува збор

ЗА ОВАА РАБОТА СЕ ПЛАЌА 8 ИЛЈАДИ ЕВРА И СЕ РАБОТИ ОД ДОМА: Побарувачката за овие работници е огромна, еве за што станува збор

ВИЗЕР ЌЕ ОТВАРА СВОЈА БАЗА ВО РЕГИОНОТ: Еве која земја влезе во сериозни преговори

ВИЗЕР ЌЕ ОТВАРА СВОЈА БАЗА ВО РЕГИОНОТ: Еве која земја влезе во сериозни преговори