СИТЕ ЛИЦА НА ТЕМУ ВО МАКЕДОНИЈА: Нарачувате на свој ризик, нема закон што ќе ве спаси ако не сте задоволни
Објавено во: Економија 22 Декември, 2024
Азискиот гигант „Тему“ ги полуде Македонците но и целиот Балкан. Бесплатнаат достава, ниските цени ги измамија граѓаните се повеќе да нарачуваат од азискиот гигант. За запознавање со искуствата, на социјалните мрежи се отворени и групи посветени токму на искуствата на оние што нарачале прозиводи од тука.
Досега ситуацијата е добра. Незадоволни нема, иако некои од граѓаните велат дека не очекувале квалитетот да биде толку низок. Има и такви кои тврдат дека производите се одлични и со висок квалитет.
Но, што ако не сте задоволни од производот, каде да се обратите?
Од Организацијата на потрошувачите на Македонија велат дека кај нив нема регистрирани незадоволни купувачи.
Од организацијата велат дека Тему е регистрирана во странска земја и дека не постои правно лице во земјава кое би сносело некакви последици.
Со самото тоа, не може да се повикуваме на домашните закони кои би ги заштитиле купувачите. Граѓаните треба да се свесни дека нарачуваат на свој ризик.
Сепак Тему изминатиот период го тресеа бројни скандали. Еден од нив е повлекувањето на блузон за деца за кој беше констатирано дека е лесно запаллив.
Во светот наголемо се дискутира за безбедноста на производите што Тему ги продава. За голем број производи не се извршени никакви безбедносни проверки за квалитетот и безбедноста.