РОШ Македонија добитник на наградата за најинвентивна практика за 2016
Компанијата Рош Македонија со две национални награди за најдобри општествено одговорни практики.
Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2016 11:37
Проектот Сподели светлина на РОШ Македонија насочен кон унапредување на степенот на информираност и свесност на јавноста за потребите на сите лица со оштетен вид и нивните семејства во Р.Македонија е добитник на две награди, меѓу кои и наградата за најинвентивна практика од проектите за општествена одговорност за 2016 година. За оваа награда конкурираа речиси 40 доставени проекти во постојнитепет категории: односи кон вработените, етичко управување, односи на пазарот, однос кон животната средина и вложување во заедницата.

Повеќе од еден век компанијата Hoffmann – La Roche Ltd., Базел, Швајцарија, пренасочува дел од своите финансиски и човечки ресурси во проекти за општествена одговорност, во стимулирање на науката и промовирање културни активности на глобално ниво.
Рош Македонија како дел од заедницата во Р. Македонија се стреми за подобрување на квалитетот и условите за живот на сите граѓани, а особено на ранливите и маргинализираните групи граѓаниво партнерство со институциите на системот и сите релевантни партнери што делат иста визија и вредности.

Директорот на одделот за Market Access на РОШ Македонија, Ернест Дебрешлиоски, изјави: „Како општествено одговорна компанија секогаш одиме многу понапред, откривајќи нови можности. Така и овој пат започнавме проект, кој не се сведе на еднократна донација. Проектот Сподели светлина на долг рок помага во решавањето на суштинските потреби на лицата со оштетен вид и придонесува за градење на нивните вештини за полесно вклучување во заедницата.“
РОШ Македонија го започна проектот Сподели светлина во јануари 2015 година заедно со своите партнери- Црвениоткрст на град Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи лица на Р. Македонија.
Проектот Сподели светлина беше поделен во неколку фази, секоја фаза насочена кон различна возрасна група, сè со цел да се допре до сите лица со оштетен вид во нашата земја. Преку реализирање на овој проект, се подигнува степенот на социјализација на лицата со оштетен вид, се организираа работилници и истражувања за детектирање на постојните потреби на овие лица. Исто така, овој проект го поттикна волунтаризмот на вработените во компанијата, кои активно се вклучени во изнаоѓање решенија за проблемите на оваа ранлива група граѓани и привлекување нови партнери.
„Горди сме што сме препознаени за иновативен пристап во решавање на проблемот со инклузија на лицата со оштетен вид. Но уште повеќе нè радува фактот што се идентификувани нови партнери, кои се спремни да се вклучат со своите финансиски и човечки ресурси во проектот Сподели светлина. Заедно можеме да направиме вистинска разлика“, додава директорот на одделот за Market Access на РОШ Македонија, Ернест Дебрешлиоски.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




