РУБЉАТА ЗАБЕЛЕЖА ЗНАЧЕЛЕН ПАД - Болен удар за руската економија
Објавено во: Финансии 14 Август, 2023
На Русија и треба силна рубља, а лабавата монетарна политика е виновна за нејзиниот сегашен пад, изјави денеска Максим Орешкин, економски советник на рускиот претседател.
Курсот на доларот на Московската берза утринава надмина 100 рубљи, првпат од 23 март минатата година, јавуваат руските агенции.
Коментирајќи го овој пад, Орешкин рече дека сегашниот курс на рубљата значително отстапил од основното ниво и дека се очекува негово нормализирање „во блиска иднина“, пренесуваат српските медиуми.
„Слабата рубља ја комплицира структурната трансформација на економијата и негативно влијае на реалниот доход на граѓаните. Силната рубља е во интерес на руската економија“, заклучи Орешкин.
Оваа година руската рубља загуби околу 30 отсто од вредноста во однос на доларот, а Централната банка на Русија смета дека тоа е последица на влошувањето на трговскиот биланс на оваа земја.
Во првите шест месеци, од јануари до јуни, трговскиот суфицит на Русија падна за 85 отсто во споредба со истиот период минатата година, пренесува Танјуг....
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.