Добивај вести на Viber
Пред речиси девет години, кочански „Руен“ доби француски газди кои платија 2 милиони евра за фабриката. Стечајната постапка ја покрена сопственикот Жак Мопа, кој во последните шест месеци од 2012 година не можеше да ги исплати побарувањата кон фирмите, но и платите за работниците.
Централниот регистар на Македонија го потврди официјалниот стечај на фабриката за производство на делови за автомобили „Руен“ од Кочани.
„Се констатира дека собранието на доверители на Друштво за производство на делови и прибор за моторни возила Руен Интернешнал Технолоџис експорт-импорт ДООЕЛ Кочани, на првото собрание одржано на ден 22.02.2013 година донесоа одлука деловниот потфат на должникот, Руен Интернешнал Технолоџис експорт-импорт ДООЕЛ Кочани да се затвори и ликвидира со продажба на целокупниот имот на стечајниот должник,а впаричувањето на целокупниот имот на стечајниот должник да се изврши по пат на прибирање на затворени писмени понуди со почетна цена-проценета вредност во четири пакети“, пишува во последната објава на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ).
Првиот пакет опфаќа продажба на алатки, канцеларсика опрема, инвентар, градежни објекти и опрема, врз која доверителот има разлачно право како и дел од имотот на стечајниот должник Руен интернешнал технолоџис во стечај. Во рамки на вториот пакет влегуваат залихи на готови производи, суровини, репроматеријали и недовршено производство.
“Овој пакет да може да се продава и по проценета вредност на вообичаен начин преку продажното одделение на компанијата со издавање на фактури и испратници по цени кои нема да бидат пониски од проценетата вредност. Третиот пакет опфаќа продажба на транспортни средства, освен возилото „Волво„ кое е влезено во првиот пакет и врз кое постои заложно право на разлачниот доверител НЛБ Тутунска банка и четвртиот пакет во кој влегуваат отпадно железо и други отпадни метали и материјали да се продаваат по пазарна цена која важи во моментот на продажба, без објавување на оглас за продажба бидејќи тие имаат пазарна цена“, пишува во објавата на ЦРМ.
Дека некогашниот кочански гигант ќе оди во стечај вработените дознаа уште кон крајот на мината година, откако кочанскиот Основен суд донесе одлука за стечај. Се уште нема детаљи околу постапката која ја водат стечајните управници.
Пред речиси девет години, кочански „Руен“ доби француски газди кои платија 2 милиони евра за фабриката. Стечајната постапка ја покрена сопственикот
Жак Мопа, кој во последните шест месеци од 2012 година не можеше да ги исплати побарувањата кон фирмите, но и платите за работниците. За сега никој не обелоденува колкави се вкупните долгови на францускиот сопственик.
Некогашните вработени во оваа фабрика се уште се надеваат дека ќе дојде нов инвеститор кој ќе го рестартира производството.
Катерина Попоска