РУСИЈА ЌЕ НАПАДНЕ СО 4.000 ВОЈНИЦИ: Се отвора нов фронт во јужна Украина?
Објавено во: Свет 23 Декември, 2024
Рускиот претседател Владимир Путин отвора нов фронт во јужна Украина.
Русија планира да ги интензивира воените операции во регионите Запорожје и Херсон како дел од своите планови за офанзива на југот на Украина, пишува познатиот украински портал РБЦ. Подготовките за напад врз десниот брег на Дњепар се во понапредна фаза отколку оние во Запорожје.
Украинските воени претставници велат дека главната офанзива во регионот Запорожје би можела да биде насочена кон областа Пјатјкатки, покрај реката Дњепар. Се очекуваат непријателски дејствија во близина на градот Хулјаиполе. Русите веќе ја тестираа украинската одбрана во Херсон. РБЦ пишува дека во Херсон Русите веќе се обиделе да се пробијат до десниот брег на реките Дњепар и потсетува дека на крајот на ноември биле одбиени руските разузнавачки и диверзивни групи кај мостот Антонив од страната на населбата Олешки.
Во мисијата се очекува да бидат вклучени до 4.000 руски војници. Ова се војниците кои се повлекоа од градот Херсон во есента 2022 година за време на молскавично брзата украинска контраофанзива.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.