ТРАМП САКА ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНД: Што велат жителите на островот?
Објавено во: Свет 23 Декември, 2024
Новиот американски претседател Доналд Трамп сака да го купи Гренланд, а Гренланѓани велат дека не се на продажба.
„Гренланд не е на продажба“, изјави денеска лидерот на островот, Муте Егеде реагирајќи на коментарите на Трамп за „сопственост и контрола“ на огромниот арктички остров, кој повеќе од 600 години е дел од Данска, пишува Ројтерс.
Додава не се и нема никогаш да бидат на продажба.
„Не смееме да ја загубиме нашата долга борба за слобода“, рече премиерот на островот, Муте Егеде.
Трамп вчера објави дека го избрал Кен Хавери, поранешен пратеник во Шведска, за свој амбасадор во Копенхаген и го коментираше статусот на Гренланд.
„За целите на националната безбедност и слободата низ целиот свет, Соединетите Американски Држави сметаат дека сопственоста и контролата на Гренланд се апсолутна неопходност“, напиша Трамп на платформата Трут сошл.
Гренланд, со својата воздухопловна база Питуфик, е стратегиски важен за американската армија. Низ островот минува најкратката рута од Европа до Северна Америка.
Трамп изрази интерес за купување на Гренланд во 2019 година, но Данска го отфрли предлогот.
foto EPA