17 Декември, 2025
0.0593

Русија на Јужен тек става точка, а не запирка

Објавено во: Балкан 07 Декември, 2014 20:54

Добивај вести на Viber

Плановите на Русија да ја прекине изградбата на гасоводот Јужен тек се појасно се дефинитивни и Москва не покажува никаква намера да се премисли. Тоа стана очигледно и по денешните разговори на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот српски колега Томислав Николиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според краткото соопштение од Кремљ, Путин со двајцата разговарал за можностите како да се продолжи енергетската соработка во иднина, со што ставил на знаење дека Русија „веќе ставила точка, а не запирка“ на гасоводот Јужен тек, велат познавачите. Од Кабинетот на Николиќ нема повеќе детали за разговорите, но и од таму се навестува дека двајцата претседатели пред се се фокусирале на тоа како Русија да и помогне сега на Србија чии очекувања од изградбата на гасоводот беа големи. На истата тема е најавено дека утре ќе разговараат и српскиот премиер Александар Вучиќ со неговиот руски колега Димитриј Медведев. Европската унија, пак, се очекува во вторник да расправа за судбината на гасоводот Јужен тек. На состанокот во Брисел се очекува Унијата да излезе со став дека не сака отфрлање на овој проект, кој е важен за енергетската стабилност на Европа, но оти истиот мора да се усогласи со европските правила. На состанокот нема да има руски претставници, но ќе разговараат осумте земји-членки на ЕУ кои со Русија имаа потпишани договори за изградба на гасоводот, како и потпретседателот на Европската комисија задолжен за Енергетската унија Марош Шефчович. Русија, пак, веќе се фокусира на нови планови и наместо Јужен тек веќе склучи договор со Турција за гасовод кој ќе поминува низ нејзина територија, под Црното Море, до голем резервоар на турско-грчката граница.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата