Русија почнува да купува нафта од Иран
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2017
Иранските нафтени испораки во Русија ќе бидат спроведени во рамките на Програмата за нафтени стоки.
Рускиот министер за енергија, Алексамдар Новак, рече дека Русија и Иран ги координирале документите за снабдување со иранскa нафта, објавиja светските агенции.
Според него, Русија и Иран ќе започнат конкретни договори за ова прашање во текот на месецот.
"Постои Меморандум за разбирање меѓу нашите земји, кој предвидува снабдување со нафта и употреба на средства од нафтени резерви за купување руски стоки и услуги. Ние успешно ги согласивме со нашите ирански колеги тедокументи во врска со правната основа за овие прашања", рече рускиот министер.
Доставувањето на нафта од Иран до Русија ќе се врши во рамките на програмата "Нафта за стоки". Договорот за снабдување на Москва и Техеран заврши во мај. Станува збор за продажба на 100.000 барели на ден на Русија.