Добивај вести на Viber
По средбата на словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец, и рускиот министер за врски и масовни комуникации, Николај Никифоров, во Љубљана, тие најавија јакнење на економската соработка меѓу двете земји и изразија интерес руски компании да учествуваат во приватизацијата на словенечки претпријатија во мнозинска сопственост на државата.
- Русија за Словенија е важен економски стратешки партнер. Од почетокот на оваа година, стоковата размена меѓу двете земји е зголемена за повеќе од 20%, а за повеќе од една третина е зголемен приходот во словенечкиот туризам во однос на минатата година, благодарение на руските гости- изјави министерот Ерјавец.
Руските инвеститори се интересираат за програмата за приватизација во Словенија, а особен интерес покажуваат за Телеком Словенија, за банките, како и за Аеродром Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.