Русите ќе имаат 10 неработни дена додека коронавирусот да се стави под контрола
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Април, 2021
Тешка e ситуација во Русија поради пандемијата поради што граѓаните ќе имаат 10 неработни дена.
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека планира да прогласи десет неработни денови додека пандемијата да се стави под контрола.
Според пишувањето на некои руски медиуми, Путин прифатил бројот на неработни денови околу први мај да се продолжи за два, така што Русите ќе отидат на принудни одмори.
"Syberian Times" наведува дека принудниот одмор ќе почне на 1-ви мај и ќе трае до 11-ти мај, кој би требало да е работен.
Русите немаат голема доверба во вакцините. Лани при крајот на март Русија ги затвори границите за да се спречи ширењето на вирусот. Русија е петта земја во светот по бројот на ковид случаи. Бројот на починати е над 107.000.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.