Русите откриваат што го убива коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Јули, 2020
Коронавирусот не се размножува во слатка и солена вода. Oва го докажале Русите.
„Вриењето го убива во истиот момент“, вели директорката на Федералната служба за фитосанитарен надзор, Ана Попова.
Тој се задржува на површина до 48 часа.
„Спроведени се истражувања за способноста на вирусот да преживее во примероци од вода, што беше многу важно пред летната сезона и ние денес гледаме дека вирусот не се размножува ни во морска ни во слатка вода, но истовремено може да се сочува, иако нашиот буден мониторинг покажува дека такви ризици засега нема", објаснила таа.
Таа додава дека вирусот е нестабилен при температурни промени.
Наведува дека со дезинфекција луѓето можат да го уништат вирусот.
Во светот има скоро 17 милиони заразени од коронавирусот, а во Русија се заразиле повеќе од 828.000 луѓе. Од вирусот починаа 13.673 Руси.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.