Русите со семејствата бегаат од јужна Украина и Крим, тврдат украински разузнавачи
Објавено во: Свет 13 Септември, 2022
Русите се евакуираат од Крим, тврдат украински извори.
Според истите извори, тие бегаат од јужна Украина со своите семејства. Украински разузнавачи велат дека во тек е „итна евакуација“ на руски полномошници, разузнавачи и воени команданти и покрај нивните гаранции дадени на населението дека областа е безбедна. Додаваат дека руската армија го напуштила и клучниот град Кремина.
„Градот е „целосно празен“, а украинското знаме подигнато од локалните партизани сè уште се вее високо“, рече гувернерот на Луганската област, Серхи Хајдаи.
Кремина е на само 25 километри северозападно од Северодонецк, кој руските сили го окупираа во мај-јуни.
Од украински извори исто така се тврди дека Русија сака да купи муниција од советската ера од Таџикистан. Русија побарала да купи ракети „Ураган“ од 220 мм и гранати од 203 милиметри за самоодниот артилериски систем „Пион“, како и друга опрема. Се додава дека на пензионираниот воен персонал на Таџикистан му било понудено да потпише договори за учество во војната за руските вооружени сили во Украина. Украина со контраофанзива настојува да ги врати окупираните градови. Војната почна на 24 февруари.