Руска амбасада: Заев не е во право, протераниот дипломат не бил предупреден
Објавено во: Македонија 16 Април, 2018 13:42
Протераниот дипломат не бил предупредуван, реагираше Руската амбасада во Скопје преку нејзиниот профил на Твитер на изјавата на премиерот Зоран Заев во петокот за ТВ 24.
Премиерот во своето интервју, меѓудругото, споена дека протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека неколку пати бил предупредуван, но и покрај тоа продолжил со вршење активности за кои не билакредитиран во земјата и дека таквите докази и биле презентирани на амбасадата на Русија.
„Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никави предупредувања ниту „докази“ за кои зборува премиерот. И натаму сметаме дека овој чин е неоснован инанесува штета на руско-македонските односи“, напишаа од Руската амбасада во Скопје на Твитер, за чинот на протерување на рускиот дипломат.
Македонското Министерство за надворешни работи, како што пред 15-тина дена соопшти министерот Никола Димитров, овој чекор го презеде во координација со западните сојузници и како чин на солидарност со Велика Британија за случајот „Скрипал“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




