Руската војска го зазеде местото Богдановка во источна Украина

Објавено во: Свет 21 Април, 2024 17:53
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија го зазеде местото Богдановка, меѓу Бахмут и Часов Јар на истокот на Украина, каде што украинските војници во последните неколку недели се при крај со муниција.
„Единиците на силите „Јужни“ целосно го освоија градот Богдановка, во Народна Република Доњецк“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Богдановка, село со помалку од 100 жители пред војната, се наоѓа на помалку од 10 километри од Часов Јар, градот кон кој се упати руската војска по преземањето на Бахмут во пролетта 2023 година.
Соопштението на руското Министерство беше објавено еден ден по гласањето во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кога за Украина беше одобрен пакет воена и економска помош од речиси 61 милијарда долари.
На украинските сили им недостига муниција и тие имаат потешкотии да регрутираат нови доброволци по повеќе од две години исцрпувачка војна.
ФОТО: Твитер
Можеби ќе ве интересира
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ НОВИОТ ПАПА: Ова се кандидатите - еден е против модернизација на црквата, а овој човек беше омилен на Папата Франциск

КАКО СЕ ИЗБИРА НОВ ПАПА И ШТО Е КОНКЛАВА? Еве ја целата процедура се до белиот чад

ОВА БЕШЕ ЖЕЛБАТА НА ПАПАТА: Дали ќе биде погребан како што тој сакаше?

СЕГА Е НАЈМОЌНИОТ ЧОВЕК ВО ВАТИКАН: Мора да го уништи прстенот на папата Франциско, доверена му е најважната задача

ПАПАТА ИМАЛ КРВАРЕЊЕ ВО МОЗОКОТ?: Италијанска АНСА ја објави причината за смртта на папата Франциск

ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ПАПАТА: Ватикан со важно соопштение

ОРБАН СО ТРОГАТЕЛЕН СТАТУС СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Ти благодарам за се, свети оче“

ЕВЕ ОД ШТО ПОЧИНА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Поглаварот на Римокатоличката црква долго време беше во болница
