Руски бизнисмен е пронајден обезглавен
Објавено во: Свет 09 Септември, 2025 19:59
Алексеј Синицин, генералниот директор на руската компанија за производство на калиумови соли „К-Поташ Сервис“ е пронајден обезглавен под мост во село кај Калининград со прикрепена влечна сајла во близина на телото, пренесоа „Москва Тајмс“ и „Киев Индепендент“.
Синоќа „Москва Тајмс“ го рангираше ова како 19. по ред смрт на руски висок функционер под мистериозни околности од почетокот на воената инвазија врз Украинa. Медиумот ја вбројува смртта на Синицин во списокот на мртви функционери поврзани со големите енергетски компании „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“.
Според рускиот независен опозициски портал Медуза, Синицин бил челник на компанија со вложувања од Холандија и од Кипар. За „К-Поташ Сервис“ се вели дека работела на експлоатација на калиум‑магнезиумови соли во Калининград од 2013 година, со големи инвестиции и контроверзи.
Еден таков скандал, според Медуза, вклучувал и протест од локалното население и наводна вмешаност на рускиот претседател Владимир Путин во 2017 година.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница




