Рускиот пазар на автомобили до 2020-та година ќе биде петти во светот
Објавено во: Свет 22 Јули, 2013
Рускиот пазар на автомобили до 2020-та година е на добар пат да го надмине германскиот и да стане најголемиот во Европа и петтиот најголем во светот зад Кина, САД, Индија и Бразил.
Се поголем број на Руси поседуваат автомобил, а странските автомобилски компании во Русија се почесто отвораат свои фабрики во оваа земја.
Западните компании меѓу кои се „General Motors“, „Ford“, „Renault“ и „Fiat“, се впуштија во големи вложувања во Русија надевајќи се на порастот во продажбата на автомобили, бидејќи поголем дел од припадниците на средната класа во таа земја ќе може себеси да си дозволат купување на првиот автомобил или замена на стариот.
Во Русија на 1.000 жители има само 290 автомобили, во споредба со 560-те во западна Европа, но многу од тие возила се стари. Руската економија со извозот на минерални богатства во последните децении забележа голем раст и тоа резултираше на создавање на се поголема средна класа.
Според извештаите на неколку консултантски куќи се очекува рускиот автомобилски пазар со раст од шест проценти на годишно ниво до 2020-та година да достигне до годишна продажба од 4.4 милиони возила.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.