Руте: Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2019
Холандскиот премиер Марк Руте пред германската канцеларка рекол дека не е загрижен толку многу за Македонија, колку за Албанија.
Оваа изјава се однесува на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа есен а Руте во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, но според протоколот од состанокот, проширувањето на ЕУ не било на агендата.
На заедничката прес- конференција со Меркел, Руте беше прашан за ставот на неговата земја на оваа тема. Вели дека во неговата и други членки на ЕУ постои голема загриженост околу Албанија, а помала околу Северна Македонија, пренесува Дојче веле.
Во јуни годинава, холандскиот парламент веќе се изјасни против почеток на преговорите со Тирана, а претходно бараше и суспендирање на безвизниот режим со Албанија, а даде зелено светло за Скопје.
– Се прашуваме, колкав напредок е постигнат во Албанија, и поради тоа имаме повеќе загриженост. За ова ќе разговараме и со европските партнери во наредните недели затоа што навистина сме загрижени за обемот на напредокот што е постигнат. Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија, но ќе разговораме за тоа, рече Руте.