САД не го одобруваат „Турскиот поток“ да минува низ Грција
Објавено во: Балкан, Економија 12 Мај, 2015 09:52
Специјалниот амбасадор на американскиот Стејт департмент за меѓународните енергетски прашања Амос Хокстаин на преговорите во Атина отворено изјавил дека САД се против усвојувањето на нов гасовод наместо „Јужен поток“ за испорака на руски гас за Европа, соопштува министерот за животна средина и енергетика на Грција Панајотис Лафазанис во интервју за весникот „Прото тема“.
Според него Владата на Грција го поддржува безрезервно преминот низ грчка територија на гасоводот за испорака на руски гас, со што и двете страни преземале и продолжуваат да преземат чекори за да го остварат овој проект.
„Се разбира, САД не го сакаат овој гасовод што искрено и директно ми објасни Хокстаин за време на нашиот неодамнешен состанок“, изјавил Лафазанис.
Амбасадата на САД во Атина објави предходно порака, според која „САД се загрижени од тоа дека учеството на Грција во преминувањето на гасоводот „Турски поток“ во земјата нема да ја зголеми диверзификација, а може да стане предмет на загриженост на надлежните органи од ЕУ и да не е долгорочно решение на енергетските потреби на Грција“.
Наместо гасовод во вредност од 2 милијарди евра за испорака на 47 милијарди кубни метри природен гас, Владата на САД нуди „поддршка на енергетската диверзификација на Грција, вклучувајќи и одржување на клучниот инфраструктурен проект за испорака на природен гас за Трансадриатическиот гасовод (Тар) интерконектор Грција -Бугарија (IGB) и продолжување на користењето а течен природен гас“.
На крајот на минатата недела Русија го објави започнувањето на изградбата на „Турски поток“.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




