09 Октомври, 2024
0.0275

САД СО УШТЕ ЕДЕН НЕУСПЕШЕН ОБИД ДА ЈА ОСВОЈАТ МЕСЕЧИНАТА, ЈАПОНИЈА ЌЕ ПРОБА УТРЕ: SLIM ќе ја проучува површината јужно од Морето на тишината

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Јапонија утре околу 16 часот ќе се обиде да изврши тежок вселенски маневар и да слета на површината на Месечината за прв пат. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат. Во август минатата година, Индија стана четвртата земја која досега успеа да изврши меко или контролирано слетување на Месечината, откако Русија не успеа да го стори тоа истиот месец.

Зошто е потешко да се спушти на Месечината денес отколку пред 50 години?

Минатата недела вселенското летало Peregrine (соработка помеѓу приватна американска компанија и НАСА) се откажа од оваа идеја. Ако успееше, тоа ќе беше првата американска мисија што слета на Месечината од 1972 година, односно од ерата на програмата Аполо. Лани на Месечината се урна и лунарниот лендер Хакуто-Р на јапонската компанија Испејс.

Значи, доколку јапонскиот лендер SLIM успешно слета на површината на нашиот природен сателит, тоа ќе биде третата земја која постигнала таков успех во 21 век и петта што ќе спроведе таканаречено меко слетување на Месечината во историјата на човештвото.

Тешко и меко слетување на Месечината

Кога кинеското вселенско летало Chang'e 3 слета на Месечината во 2013 година, тоа беше првото меко слетување на нашиот природен сателит по советскиот Луна 24 во 1976 година. Мекото слетување на Месечината значи контролирано спуштање на вселенско летало на површината без значително оштетување на леталото и/или неговите научни инструменти.

Тешкото слетување се однесува на спуштање на тлото што резултира со значителна штета на леталото, а често и до губење на контакт. Овој тип на слетување може да биде намерно или планирано, но може да биде и неуспешен обид за меко слетување.

„Не чекаат 20 минути хорор“

„Мислам дека имаме 20 минути ужас и во периодот од забавување до слетување на површината на Месечината, ќе заборавиме да дишеме“, рече Кенџи Кушики од проектот SLIM, пренесува ССN.

Малиот истражувачки лендер е дизајниран да демонстрира високопрецизно слетување на сонди кои се евтини и лесни. Јапонската вселенска агенција (JAXA) се надева дека оваа нова технологија ќе овозможи слетување на опасен, карпест терен.

Што ќе истражуваат на Месечината?

SLIM ќе се обиде да слета во област која се протега само до 100 метри. За споредба, зоната за слетување на Перегрин се протегала неколку километри. Доколку SLIM ја пропушти својата шанса да ја „допре“ Месечината утре, ќе се обиде повторно на 16 февруари.

Во случај на успешно слетување, SLIM ќе ја проучува површината јужно од Морето на тишината за краток период. Неговата цел е локација во близина на мал ударен кратер во рамнината позната како Море на Нектар, за која се верува дека е формирана од античка вулканска активност. Таму ќе го истражат составот на карпите, што би можело да ни помогне подобро да го разбереме формирањето и развојот на Месечината.

ФОТО: Japan Aerospace Exploration Agency

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист