„САКА ДА ГО ОДБРАНИ СИСТЕМОТ КОЈ ГО СОЗДАДЕ“: Митева реагираше на ставовите на Заев
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 16:07
Портпаролката на владата, Марија Митева ја коментираше реакцијата на поранешниот премиер Зоран Заев, кој утрово меѓу другото обвини дека премиерот Христијан Мицкоски се служел со небулози, клевети и навреди, со кои сакал да се оправда за катастрофата која и ја нанесувал на целата држава
„Не можеше да издржи. Зоран Заев, човекот кој со години ја водеше државата во мрежа на лични договори, политички пазарења и партиски компромиси, повторно се појави во јавноста. И тоа не случајно, не спонтано, не од некаква грижа за државата, туку од потребата да го одбрани она што го создаде: системот на зависности, послушност и контрола. Една недела беше доволна да се покаже вистината дека зад сите изјави за „нови почетоци“, „освежени тимови“ и „се бориме со нова енергија“, стои истиот центар на моќ. Зад идеолошките фрази и кампањските насмевки стои јасна агенда, зачувување на статус кво-то, заштита на старите интереси и опстојување на една тесна група која со години живее од политиката. И токму затоа отпорот кон реформи во судството и обвинителството е толку жесток“, напиша Митева.
Според неа, судството за „овие елити“ е штит на неказнивоста.
„За овие елити, судството не е инструмент на правда, туку штит на неказнивоста. Таму се последните ровови на влијанието, последниот бастион што мора да се задржи, затоа што без него системот би почнал да се распаѓа токму во своето средиште. Кога еден политички субјект станува заложник на сопствените стравови, тогаш сите негови потези се диктирани не од потребите на граѓаните, туку од потребата за преживување. А преживувањето на елитите секогаш оди на сметка на општеството. И мора да биде јасно, во овој контекст појавувањето на Заев не е само личен чин. Тоа е симптом на систем што не може без својот креатор, затоа што никогаш не научил да функционира без централизирана моќ. И тоа е најголемата трагедија на СДС денес што остана заробена во сопствената сенка. Но политиката, како и животот, има своја динамика. Ниеден систем на затворени кругови не трае бескрајно. Колку повеќе се брани, толку побрзо се троши“, смета Митева.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




