08 Октомври, 2024
0.0267

САКАЛ ДА БИДЕ КОМИЧАР, ДИПЛОМИРАЛ ВО ОДЕСА: Кој е генералот Валериј Залужни?

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Украинскиот генерал Валериј Залужни сакал да биде комичар, но потоа плановите се смениле. 

Се вели дека Залужни е буквално дете на стариот систем, бидејќи е роден во 1973 година во советската касарна на северот на Украина каде што служел неговиот татко.

Меѓутоа, како што растел, сакал да се ослободи од тоа воено наследство и на почетокот желба му била да стане комичар, што е истата професија со која се занимавал Зеленски пред да влезе во политиката.

Сепак, семејната традиција преовладувала и Залужни дипломирал со највисоки оценки во 1997 година на Институтот за копнени сили во Одеса.

Тој бил повикан во кабинетот на претседателот Володимир Зеленски каде му е кажано дека ќе биде разрешен, објави Си-Ен-Ен. Американската телевизија објави дека тоа се случило во понеделникот и се повикува на два извори.

Се вели дека оваа информација се појавила по неколкунеделни зголемени шпекулации во врска со заладените односи меѓу Зеленски и шефот на вооружените сили на Украина.

Си-Ен-Ен наведува дека нема официјална најава за промената, но дека еден од изворите рекол дека претседателскиот декрет се очекува до крајот на оваа недела.

Се наведува дека ова ќе биде најголемата промена на раководството во украинската армија што Зеленски ја спроведе од почетокот на целосната инвазија што Русија ја започна во соседната земја пред речиси две години.

„Гардијан“ се занимава и со односот меѓу Зеленски и Залужни и забележува дека за претседател кој ја извршува таа функција во време на војна, единствената политичка закана поголема од популарниот генерал би бил популарен генерал кој е сменет без церемонија.

Британскиот весник наведува дека ова е ризик што Зеленски очигледно е подготвен да го преземе, бидејќи не успеал да го убеди Залужни да си поднесе оставка.

Се вели дека Зеленски е несомнено најпознатото лице на Украина во светот, но дека дома Залужни е негов ривал по популарност. Сликата на Залужни може да се најде на безброј постери низ Украина.

На еден е прикажан како лично го испорачува рускиот претседател Владимир Путин до Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Олексиј Гончаренко, опозициски пратеник и сојузник на Залужни, вели дека ова ривалство е самата суштина на актуелната криза меѓу Зеленски и генералот.

Гардијан пишува дека 50-годишниот генерал се смета за олицетворение на воената трансформација на Украина од советски стил на почитување на хиерархијата во модерна, западна вооружена сила каде што на помладите офицери им е дозволено да носат вистински одлуки во жештината на битка наместо да чека наредба од претпоставените.

foto EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист