Сакате да започнете бизнис? Ова може да ви помогне да ја изберете вистинската локација
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2014 13:57
Доколку некој сака да оди на викенд преку националниот геопоратол ќе може да ги види метеоролошките и сите други податоци за избраното место. Стопанствениците, пак, при плановите за отворање фабрика ќе имаат преглед на податоците за локацијата каде скаат да инвестираат,за близината со останатите стопански објекти и инфраструктура, населението, бројот на невработените.
Според денеска презентираниот закон за национална инфраструктура на податоци, новиот систем ќе овозможи побрз одговор на итни ситуации и природни непогоди, итните и противпожарните служби и полицијата би имале подобар преглед на настаните и локациите. Достапноста на географските информации се очекува да овозможи подобро донесување одлуки, како на пример каде да се изгради ново училиште или каде да се поттикне индустриски развој.
- Сите просторни податоци од сите државни институции ќе се соберат во еден национален геопортал кој ќе ги собира просторните податоци, ќе управува со него, ќе прави разни анализи, а податоците ќе бидат графички достапни до граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, на заедничка прес-конференција со директорот на Катастарот Славче Трпески.
Примената на проектот, според почетните проекции, ќе чини 2 милиони евра, составен дел од Буџетот на РМ и вклучените институции. - Поважно е тоа што со вредноста на податоците и квалитетот што ќе ги добиваат граѓаните, компаниите и потенцијалните инвеститори Македонија ќе го надмине овој износ повеќекратно, нагласи Пешевски.
Според начелната динамика, во рок од три години и останатите државни институции, треба постепено да ги дигитализираат податоците со кои располагаат и во унифициран формат да се пренесуваат во геопорталот во Катастарот.
Информациите, појасни Трпески, ќе се дефинираат и чуваат на ист начин, со што пристапот до нив треба да биде поедноставен. - Институциите мора да ги стандардизираат податоците со ИСО стандарди. Целта е првин внатре во РМ да говориме на ист јазик, а понатаму да се вклучиме во системите на ЕУ, наведе Трпески.
Покрај геопорталот ќе се изработи и апликација за паметни телефони. - Токму тоа е и целта, порталот да биде поблизок до секоја граѓанин, државните органи или приватниот сектор. Сите податоци што и денес се слободни и понатаму ќе бидат слободни, како за граѓаните, така и за приватниот сектор, а за тие за коишто се плаќа и сега ќе има можност за електронско плаќање без доаѓање во институциите, појасни директорот на Катастарот.
Очекувањата на Владата се преку воведувањето на системот покрај граѓаните и инвеститорите, голема придобивки да има и за државните институции бидејќи треба да се овозможи развој на голем број нови владини услуги, базирани на веб решенија, наменети за граѓаните, особено преку системот е-Влада.
За старт на проектот за НИПП Катастарот работи на обука на персоналот и на подготовки од 2009 година. Во законот целосно е транспонирана европската директива INSPIRE, инфраструктура на просторните податоци во ЕУ.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




