29 Јуни, 2024
0.0317

Само едно е наше маало и една е Кармен

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Само едно е, едно е наше маало, само едно е тоа катче убаво...а јас знам едно место, каде навраќам јас често и таму сите се ко едно...Стихови кои и ден денес ги паметиме, ние, генераците кои растевме со серијата Наше мало. Доволно е само да започне мелодијата на песната и веднаш некоја блага носталгија, но и пријатни чувства да ни се појават и не случајно, бидејќи навистина стануваше збор за серија која по сите педагошки, социолошки, културни, едукативни, сценографски елементи, беше на пиедесталот на врвни уметнички дела кои ги задоволуваат сите претходно споменати компетенции. Милина и прекраснотија ми е секој миг кога, по којзнае кој пат, ќе изгледам епизода или парче од серијата и сета тежина, која катадневно во ова совремие ни се наталожува, како со леснотија да одлетува од мене.

  Ице, Бени, Ремзије, Мали, Дарко и другите јунаци од Наше мало беа синоним за деца од нашето соседство, деца со сите доблести и мани како нас, деца со едноставни и мечтетелски желби, кое секое дете во себе ги чува и некогаш ги кажува, деца кои секојдневно се соочуваа со детските палавштини, интриги и  морални дилеми. Но главните детски ликови вткајуваа и нешто повеќе од обично детско однесување, многу повеќе од едноставно детско катадневие, многу повеќе од вообичаена детска игра и активност. Тие ги поткреваа и развиваа, на еден посебен и себе својствен начин, оние вистински семејни и општествени вредности, кои денес, во ова наше совремие кое го битисуваме, се насушна потреба. Вредностите кои тие низ игра, разговор, детска палавштина, понекогаш и кавга со родител, на еден несекојдневен начин, ги пласираа преку разговор со “Кармен”,нивната виртуелна другарка, зградата или симболично и метафорично сфатена, особата која им даваше ука и поука, ги потсетуваше на вистинските вредности, секоја разрешница на некое недоразбирање го решаваше со правилен избор од моралната дилема и секогаш на врвот ги потенцираше вредностите кои значеа градење и зацврстување на пријателство, почит, чесност, доблесност, правдичност, културна оплотеност. Кармен, која денес слави јубилеј беше и остана синоним на зрелост, добробит, вистинитост, доблесност, умност и убост.

  Наше маало не е само обична приказна за детски дружби, палавковци, за соседски односи, и симбол на животот во соседството на повеќе фамилии, преку своите приказни и секојдневни дејанија, не, Наше маало е многу повеќе од тоа. Тоа е приказна за мултикултурализам и интеркултурализам во вистинска смисла на зборот, тоа е сторија која ни покажа и докажа дека иако сме етнички, религиски, културно, различни, ние во суштина делиме исти проблеми и дилеми. Таа ни покажа дека јазикот не треба и не смее да биде пречка за меѓусебно разбирање, дека различните обичаи кај соседите и другарчињата кои припаѓаат на различна религија се богаство кое треба да се негува, дека различните ставови по различни, во повеќе случаи детски, но некогаш и дилеми кај возрасните, не треба да бидат причина за раздор и кавга, напротив, треба да бидат мотив за дискусија и разговор. Едноставно серијата ни ги покажа и докажа сите бенефити од живеењето во една мултикултурна заедница. На мошне едноставен и достоен начин ни презентираше дека и тинејџерската љубов меѓу припадници на различен етникум има посебна убавина и не треба да се брани, дека класната подвоеност не треба да ги обременува децата бидејќи тие се само деца и делат исти мотиви, желби и стремежи, дека чашата вода е убава кога ќе ја испиеш и кај Бени и кај Ице и кај Ремзије, а убавината се гледа во споделувањето. Заедништвото, сплотеноста, пријателството кое тие го негуваа низ ликовите во серијата, треба да биде лика и прилика за секој добронамерник кој живее во оваа наша татковина. Наједноставно кажано, тие ни го трасираа и покажаа патот како да живееме не едни покрај други, туку едни со други, како да градиме и споделуваме исти или слични вредности, како да го развиваме патот на личен, но и општествен просперитет, бидејќи само преку здружени сили може многу повеќе да успееме. Наше маало треба постојано да се репризира бидејќи и нашава политичка елита, која е креатор на јавното мнение, може многу да научи, а и оние кои ја подзаборавиле серијата, а денес се дел од јавната и локална власт, да се потсетат што значи делење и споделување на заеднички вредности и колективни перцепции, и секако само на тој начин ќе можеме да изградиме и да живееме во едно вистинско интеркултурно општество, општество кое нема да биде обременето со национализам, етноцентризам и индивидуализам, туку ќе се стреми кон зацврствување на заедничките вредности и патокази кои ќе значат прогрес, просперитет и Европска иднина.

Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност

Александар Јанев избран за нов директор на Биро за јавна безбедност