Само небото е лимит за државна Пошта! Ќе даде свои чистачки и ќе плати 1,2 милиони евра да биде убава и чиста
Објавено во: Економија 06 Октомври, 2023 08:00
Државната пошта на тендер избра фимра на која ќе плати 1,2 милиони евра за чистење и одржување хигиена за период од две години. При тоа таа фирма ќе ангажира чистачки кои сега работат во државната Пошта, а нема да смее да им плати помалку од минимална плата!!! За да биде посмешно или трагично треба да се напомене дека Владата редовно ја крпи финансиската дупка што ја прави Пошта речиси секоја година. За претходните две години компанијата направи загуба од 6,6 милиони
Скопската компанија „Стед-комерц“ ќе ја одржува хигиената во 16 деловни единици на државната компанија Пошта за период од 2 години за тие услуги ќе наплати до 1,2 милиони евра (со вклучен ДДВ). Во конкуренција на три компании за чистење „Стед Комерц“ дала најниска понуда која е пониска од почетната цена за 70.000 евра.
Тендерот, достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ef44cd20-fa87-4bdc-9931-e7d9017a7f4d , предвидува три типа на услуги за чистење со различни цена за чистење површина квадратен метар.
Најневеројатно е тоа што освен што ќе плати пари за чистење Поштата ќе отстапи и свои вработени – хигиеничарки на фирмата што ја дава услугата. Тоа е регулирано во договорот во кој пишува дека носителот на набавката односно „Стед компани“ се обврзува дека нема да исплаќа плата под минимално утврдената на тие хигиеничарки што ќе ги превземе од државната пошта.
Вотендерската документација има три ставки за чистење. Првата е најевтина изнесува 7 денари за квадратен метар површина и се однесува на редовно чистење.
Следната ставка е полугодишно чистење и цената по квадратен метар е 30 денари затоа што обемот на работи е поголем, а и опфаќа машинско чистење.
И најскапата ставка е генерално чистење. Таа чини 148 денари за квадратен метар и може да се врши еднаш годишно односно два пати во периодот на договорот.
Државната Пошта заедно со државните железници е еден од двата најголеми државни загубари. Затоа Пошта редовно добива дотации и помош од централниот буџет.
Од основната економска анализа веднаш во очи паѓа апсолутната доминација на трошоците за плати на над 2.000 вработени во структурата на вкупните трошоци на Пошта. Од податоците во независниот ревизорски извештај се гледа дека лани на трошоци за своите вработени Пошта исплатила речиси 16 милиони евра. За нивно покривање се потребни 94 отсто од сите приходи на Пошта лани. Оваа компарација повеќе од јасно укажува на состојбата во која се наоѓа хроничниот државен загубар на кој ниту една Влада досега не му нашла лек.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




