19 Декември, 2025
0.0481

САМО УШТЕ ЕДНА КОМПАНИЈА ДОЛЖИ ЗА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК: УЈП спроведува присилна наплата, должи над 6 милиони денари

Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2024 13:06

Добивај вести на Viber

Уште една од вкупно осум компании кај кои Управата за јавни приходи (УЈП) спроведува присилна наплата на данок на солидарност, треба да ги подмири обврските од главниот долг и преостануваат за исплата уште шест милиони денари.

- Компанијата е од дејноста трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, ги платила каматата и еднократната такса за присилна наплата и има почнато со плаќање на главниот долг, а останува да плати уште 6.226.962 денари - информираше денеска на брифинг со медиуми директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. 

Од 156  компании кои имаат поднесено даночен  биланс за данок на солидарност, со обврска за плаќање од  3.029.429.379 денари, во законскиот рок платиле 149 компании, а по истекот на рокот  УЈП почнала постапка за присилна наплата кај осум даночни обврзници и кај седум е веќе завршена.

За Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) уплати за ноември 2023 година кои се обработени на 12 јануари годинава  за вкупно 540 530 вработени лица, прифатени и  неплатени конечни пресметки има за 3.189 работодавачи кои се однесуваат на 7 713 вработени. Неподнесени и неприфатени пресметки согласано законски рок  има кај 5.376 работодачи за 7835 вработени. 

Лукаревска соопшти и дека Еуроникел за кои за 2 февруари е закажана предстечајно рочиште, согласно наодот по основ на данок на добивка повторно ќе бидат во добивка.

- За август лани имаат барање за поврат од 67 милиони денари, за септември 64 милиони, за октомври 25 милиони, а за ноември два милиона. За сите овие месеци имаме направено контрола во Еуроникел со цел да ја видиме основаноста на повратот. Парелено со тоа имаме спреведено контрола по основ на данок на добивка. Наодот по основ на данок на добивка го пребивме со повратот што го бараат. Согласно наодот по основ на данок на добивка врз основа на тоа се зголемува и пресметката за МДД, односно  месечните даночни актонтации и врз основа на тоа ќе бидат повторно во добивка - појасни Лукаревска, посочувајќи дека неколкупати разговарала и со Синдикатот за да се објасни состојбата.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми