22 Јануари, 2025
0.0313

Самохраните мајки биле канцер на општеството - Нова небулоза на конзервативците

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија е длабоко конзервативно општество. Не е тоа нешто што не го знаеме, но е нешто што не сакаме да го прифатиме. Нашите ставови најчесто произлегуваат од длабокиот страв кон непознатото, кон различното од нас. Но, произлегуваат и од незнаење и пробување да се глуми интересен пред друштво.

Знаејќи го сево ова, веќе воопшто не сум изненаден од работите што ги читам секојдневно по социјалните мрежи: „Шиптарите ќе не’ убијат“, „Педерите ќе ми го расипат детето“, „Сорос ќе направи голема албанија“ и најновото од денеска „самохраните мајки се канцер на општеството“. 

image

Порано, ваквите ставови длабоко ме агитираа и не можев да ги поднесам, сакав да им се дерам во уво, додека не сфатат како треба правилно да се размислува. Мислев дека ако ги нарекувам со погрдни имиња и ако ги посрамотам јавно дека ќе си ја научат лекцијата и нема да се повторат.

Ама тука лежи проблемот… ништо нема да научат така. Ниту пак ќе почнат да прифаќаат работи.

Како дете на среќно разведени родители, многу добро ги знам погледите што ги добивам и многу добро знам колку длабоко сме всадени во Конзервата. Да не се разбереме погрешно, не ме навредуваат таквите работи… само ме разочаруваат. Во 2017 година треба да збориме за овие основни теми, а не за нешто многу поапстрактно и понапредно.

Ќе се повторам, мораме да прифатиме дека живееме во Конзервата. Мораме! Мораме да ги предизвикаме овие ставови и да учиме како да размислуваме прогресивно. Повторно, да не се разбереме погрешно, и јас бев порано конзервативен, ама се научив дека едноставно прифаќањето и еднаквоста се единствениот начин на кој ќе можеме да градиме достоинствено општество за сите.

Притоа, секогаш се обидувам да ја разберам и другата страна. Зошто имаат такви ставови? Од каде им доаѓаат? Што точно мислат и значат? И не, не зборам за дебата и тепање со аргументи со нив, туку однесување како со човек. Да, знам колку е тешко, ама јебига… човечки суштества сме, комплицирани сме и тешки сме за разбирање понекогаш.

Само рудиментарна човечка комуникација може да допре на длабоко ниво… На ниво кое значи животна промена. Ама тоа не е лесно. Полесно е да се опцујат, да се скараме и/или степаме, налик јарци кога се маваат со роговите. Баш ме интересира до каде стигнавме со тоа однесување. Можеби ќе продолжи по старо чисто за инает. Ви реков, комплицирани суштества сме.

Ние во последниве години си играме држава. Очекуваме бог или некој друг возвишен да ни ги реши сите проблеми. Ама погодете што? Државата е изградена од луѓето кои живеат во неа. Никој друг не ни е крив за тоа како се однесуваме. Фетишизираме политичари, небаре се психијатри, па дома ќе ни дојдат да ни ги решат проблемите.

Сите ние имаме задача да градиме демократија и здраво општество… и тоа не е лесно за правење. Ама боже мој, не мора секој ден по кафиња и кафани да се седи… Можеби не ќе е лошо и малку да се работи. Ништо нема да се случи преку ноќ. 

Конзервата е лошо, гадно, темно место за живеење. Живот полн со омраза е грозен.

П.С. Самохраните мајки се ѕверови! Тоа што можат тие да го направат и храброста која ја имаат заслужува најдлабока почит. Верувајте ми, многу добро знам. 

П.П.С. Како што си и ти човек, такви се и атеистите, религиозните, хомосексуалците и хетеросексуалците и трансексуалците и самохраните мајки и сите околу тебе. Границите и термините кои ги користиме да ги дефинираме и етикетираме луѓето самите си ги имаме изградено. Границата е човеков конструкт. Сите сме луѓе и тоа е факт. ФАКТ! Непобивлив аргумент. Нема никаква потреба зошто да се дискутира на таа тема.

Колумната е објавена на блогот Кујна на Ѓаволот.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛ ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: „Блинкен е првиот државен секретар кој официјално го посети МНР“

ЗАВРШИ ИНСТАЛАЦИЈАТА НА СИСТЕМОТ ЗА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ НА КЛИНИКА - се наѕира ли крајот на проблемите во операционите сали?!

ЗАВРШИ ИНСТАЛАЦИЈАТА НА СИСТЕМОТ ЗА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ НА КЛИНИКА - се наѕира ли крајот на проблемите во операционите сали?!

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“