19 Декември, 2025
0.0473

Samsung Galaxy A41 и A21s – врвна иновација по одлична цена

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2020 16:04

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. ги претстави најновите паметни телефони од А серијата - Galaxy A21s и Galaxy A41, кои воодушевуваат со сјајниот дизајн и одличните перформанси. Двата уреди доаѓаат со унапредени камери, врвен екран и долготрајни батерии.


Samsung Galaxy A41 – спој на елеганцијата и функционалноста

Samsung Galaxy A41 доаѓа со врвен Super AMOLED Infinity-U екран од 6,1 инч, кој што овозможува извонредно искуство во гледањето. Овој паметен уред е опремен со издржлива батерија од 3.500 mAh, со можност за брзо полнење од 15W, па батеријата од овој капацитет не го остава корисникот на цедило.


Освен тоа, трите камери, од кои главната е 48MP, макро камерата од 5MP и ултра-широката камера од 8MP овозможува создавање на висококвалитетни фотографии. За воодушевувачки селфиња и видео повици е задолжена предната камера од 25MP, со фокус во живо.

Покрај одличните можности, овој модел има и елегантен дизајн кој што дополнително се истакнува со заоблените агли, но и со посебните шари на задната страна на уредот во нови палети на бои: Prism Crush Black, Prism Crush White и Prism Crush Blue, со краен, сјаен слој. Телефонот на македонскиот пазар ќе биде достапен од 22. мај 2020, по цена од 17.999,00 денари.


Samsung Galaxy A21s – врвни камери и одлично видео искуство

Екранот Infinity-O во комбинација со 6,5-инчен дисплеј со приказ на резолуцијата во висока дефиниција ги класифицира Galaxy A21s во уредите кои што обезбедуваат уникатно визуелно искуство. Без разлика на тоа дали корисниците играат игри или гледаат видеа,соодносот 20:9 на прикажаната содржина во комбинација со звукот на Dolby Atmos создава супериорно видео искуство. Можностите на тројната камера ќе бидат доволни за сечии потреби. Главната камера од 48MP и ултра-широката камера од  8MP овозможуваат фотографирање на професионално ниво, додека за фокусирање е задолжена камерата од 2MP.


И со овој телефон корисниците можат да го поминуваат времето во безгрижно играње на игри и снимање на видеа, благодарејќи на долготрајната батерија од 5000 mAh, а брзото полнење од 15W овозможува брза достапност на уредот. Дополнително, со просторот за складирање од 64GB внатрешна меморија и до 512GB надворешна меморија, корисниците нема да мора да се грижат дали имаат доволно простор за својата омилена содржина. Уредот во Македонија ќе биде достапен од јуни, во црна, бела и сина боја, по почетна цена од11.999,00 денари.


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка