25 Април, 2024
0.0278

Samsung Galaxy Note 20 – Магијата на пенкалцето и големата работна површина

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Note таблетите на Samsung се вистински симбол на моќ, елеганција, успешност и стил. Така и годинава со новата генерација на Samsung Galaxy Note 20 корисниците, особено тие од деловниот свет добиваат нов мобилен уред кој е способен да одговори на сите предизвици. Фактор.мк имаше можност да го тестира новиот Samsung Galaxy Note 20 во изминатите две недели, да го отпакува уредот, како и да се увери во неговите способности.

Што има во кутијата?

Samsung Galaxy Note 20 доаѓа во стандардната црна кутија на Samsung, која да бидеме искрени со нетрпение очекувавме да ја отвориме. Внатре се наоѓаат квалитетни AKG слушалки со кабел, потоа USB кабелот за поврзување, пренос на податоци и полнење на батеријата. Вклучен е супер брз полнач со капацитет до 25W, како и гумички за слушалки со различна големина прилагодливи за сите специфичности на корисниците.


Следен чекор, активација на Samsung Galaxy Note 20. Во поздравното мени ќе добиете голем број на опции како што е префрлање на податоците од вашиот претходен смартфон. Ако веќе сте користеле уред на Samsung може да ја користите одличната апликација Smart Switch. Истата може да ја инсталирате и на било кој Android уред, а функционира и со iPhone смартфони, па така брзо ќе ги префрлите податоците од сите профили и кориснички налози, како и логови, податоци за контактите, повиците и пораките, секако и сите слики и фајлови.

Мистично бронзена екстраваганца

Главниот адут во дизајнот на Samsung Galaxy Note 20 годинава е новиот избор на боја на маската наречена мистично бронзена. Таа му дава специфичен изглед и оригиналност, особено во ера во која речиси сите смартфони наликуваат еден на друг. Естетски зад оваа нијанса стои цел тим на дизајнери кои креирале впечатлив изглед, симбол на елеганција, престиж и успешност.


Покрај естетскиот дел, мора да го пофалиме и функционалниот аспект. Овој пат Samsung Galaxy Note 20 доаѓа со цврста облога на задниот дел на маската која ја опфаќа и страничната рамка. Уредот, едноставно има многу природно лежиште во самата рака, неговата тежина воопшто и не ја чувствувате, а Samsung Galaxy Note 20 делува многу цврсто и стабилно.

Samsung Galaxy Note 20 со леснотија може да го држите со една рака, особено тие што имаат подолги прсти нема да имаат никакви проблеми да го управуваат поради ефикасноста на предната површина која речиси целосно е покриена од екранот со минимални рамки. Исто така коцкестите рабови спречуваат непосакувани допири на екранот по страните и несакани активации.

Супер ефикасна работна површина и „магично“ пенкалце

Samsung Galaxy Note 20 како што наведовме иако има прилично огромен рамен Infinity-O дисплеј со FHD+ Super AMOLED Plus технологија е многу ергономичен, лесен за управување и не зафаќа голем простор. Ние уживавме во големата работна површина на екранот, па така истовремено можевме да преслушуваме снимени интервјуа и да запишуваме белешки, како и да пребаруваме податоци и информации на интернет. На Samsung Galaxy Note 20 буквално треба да гледате како на мини лаптоп кој може да го носите во вашиот џеб, располага со функционално S Pen пенкалце кое прави „магични трикови“. Тука мислиме на бројните функционалности како што се селекција на содржина од веб страна за правење скриншот преку smart select, потоа правење директни белешки за потсетници и задачи,правење на цртежи, креирање пораки, директно преведување, зумирање и пребарување. Исто така тие што имаат уметнички афинитети или познавања од графички дизајн со магичното пенкалце на Samsung Galaxy Note 20 може да креираат цртежи и дизајни.


Профи камера во секое сценарио

Подобрувања во однос на ланскиот модел има и кај камерата на Samsung Galaxy Note 20. Главниот модул на задната страна е составен од три камери, две од 12 мегапиксели со широк агол и ултра широка камера, и една од 64 мегапиксели со телефото леќа за зумирање. Камерата има супер брз Dual Pixel автофокус и оптичка стабилизација на сликата, нуди и 30х Zoom со супер резолуција, како и 3х хибриден оптички зум. Главната камера воодушевува како преку ден за правење на импресивни портрети на кои може да им го менувате фокусот, така и на ноќни слики со посебниот режим дури и кога нема доволно надворешно осветлување.


Селфи камерата од 10 мегапиксели исто така нуди Dual Pixel автофокус, опфаќа широк агол па така може да правите одлични селфи фотки на кои ќе го собере целото друштво. Селфи камерата може да ја активирате со мавтање на раката или пак со стискање на копчето на пенкалцето, па така нема никаква потреба да купувате дополнителен селфи стик.


Финални импресии

Со 8 GB RAM и најмоќниот Samsungпроцесор, како и екстра батеријата со капацитет од 4.500 mAh ќе добиете моќна машина со Samsung Galaxy Note 20, ќе може да ги завршите сите професионални задачи, да се забавувате со екстра камерите, да ги користите сите социјални мрежи со леснотија и да уживате во мултимедијални апликации како YouTube, Netflix и други.

Samsung Galaxy Note 20 може да се најде на македонскиот пазар во сите продавници за електроника и мобилни оператори.


Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan