Samsung Galaxy S22 Ultra – совршен избор кога комбинирате бизнис и забава
Објавено во: Македонија 30 Март, 2022 18:38
Што е она кое ви е најважно кога купувате нов телефон? Имајќи го предвид брзото секојдневие кое неретко се претопува од деловниот во приватниот свет со брзина на светлината, несомнено ни е важно уредот кој ќе го одбереме совршено да се вклопува во секој сегмент во нашиот живот – како приватниот така и професионалниот. Токму затоа, Samsung одлучи да го интегрира овој баланс во најдобриот паметен телефон на сите времиња . Величествениот GalaxyS22 Ultra! Покрај модерниот дизајн се одликува и со феноменални карактеристики, кои овозможуваат корисничко искуство кое досега никогаш не сте имале можност да го искусите!
И на работа и дома, Galaxy S22 Ultrae дизајниран да ве поддржи дури и во најхаотичните денови со најновиот 4nm процесор во телефонот Galaxy. Овој процесор со својата најнапредна обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција и механичко учење, Wi-Fi 6E, кој е дури двапати побрз од Wi-Fi 6, ви овозможува да зачекорите во светот на технологијата која нуди феноменално и сосема ново корисничко искуство ги извршува најнапредните процеси на вештачка интелигенција обезбедувајќи незаменливи перформанси за продуктивност во секој момент.
Опрема која ги задоволува вашите потреби од секој аспект
Овој телефон може да се пофали и со 6,8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран, кој обезбедува сеопфатно искуство и ги прикажува дури и најмалите детали појасни од кога било со максимална осветленост од 1750 nits. За да бидете сигурни дека имате совршен приказ на екранот на вашиот телефон во секое време, Samsung се погрижи овој телефон да има и Vision Booster технологија, која му овозможува на екранот интелигентно да го приспособува осветлувањето во текот на денот. AMOLED екранот на Galaxy S22 Ultra не само што е посветол од конкуренцијата, што го прави идеален за гледање на отворено, туку обезбедува и подобра заситеност на боите.

Бескрајна можност за креативно изразување
Ги знаете оние денови кога едноставно имате толку многу обврски што се чувствувате небаре секоја идеја која прелетува низ вашиот ум засекогаш е изгубена? Не грижете се, не мора секогаш со вас да носите хартија и пенкало за да ја запишете секоја ваша брилијантна идеја. За прв пат, Galaxy S22 Ultra S Pen пенкалото совршено се вклопува во S серијата. Исфрлете го од дното на екранот за да пишувате, скицирате или да го контролирате телефонот. Подобреното доцнење во Samsung Notes прави секое движење на пенкалото да биде природно како мастило на хартија — а сите набрзина напишани идеи може да ги претворите во читлив текст. Да, сега ниту една идеја нема да одлета без разлика колку обврски имате во моментот!
Батерија доволно моќа да се прилагоди на секој момент од денот
Благодарение на Galaxy S22 Ultra не мора повеќе да се грижите дека батеријата ќе ви се испразни баш во оној момент кога ви е најпотребна. Подобрената AI ја пренесува моќноста од 5000 mAh (типична) од еден ден во друг приспособувајќи се на начинот на кој го користите телефонот. Накратко кажано – ја чува батеријата за кога ќе ви биде најпотребна! Што велите за Безжичен PowerShare? Со сета моќност на батеријата, можете и многу да споделите. Наполнете ја батеријата на вашите колеги или пријатели или безжично наполнете ги слушалките кога сте во движење. Практично и фукнционално!
Дизјан за оние со префинет стил
Galaxy S22 Ultra е заштитен со оклопна алуминиумска рамка и Gorilla Glass Victus+ на задната страна, а сепак е лесен и пријатен на рака. Samsung Galaxy S22 Ultra е едноставен, но во исто време фасцинантен. Острите, квадратни агли, пленат со строгост и елеганција. Целокупниот изглед е минималистички и елегантен. Совршен за вашата бизнис комбинација. Плус, 6,8-инчниот дисплеј е нежно заоблен, така што додава одредена естетска привлечност без да доведе до случајно притискање на екранот. Конечно, проблемот со случајно притискање на екранот кога во рака носите торба за лаптоп, чанта и телефон е решен!
Бојата на телефонот е подеднакво важна кога одбирате нов уред. Токму затоа S22 Ultra доаѓа во четири бои - смели темноцрвени или зелени тонови за оние со авантуристички дух и суптилно фантомската бела или фантомската црна боја за оние кои преферираат неутралност.

Време е за забава!
Кога ќе завршат деловните задачи и ќе дојде време за дружење со пријателите, секој нов спомен треба да биде овековечен со фотографија. Galaxy S22 Ultra е дизајниран да обезбеди најнапредно искуство со камерата досега, така што корисниците можат да се поврзат и споделуваат содржина каде и да се. Сега со напредните функции за ноќно фотографирање и снимање на овој телефон ви дава можност да правите јасни видеа и фотографии како со предната, така и со задната камера, без разлика дали снимате во текот на денот или ноќта, додека надградените Super Clear Glass леќи ќе ви помогнат да направите поубави и појасни ноќни видеа без отсјај. S22 Ultra има и пиксел сензор од 2,4um – најголемиот сензор за пиксели на Samsung досега, што им овозможува на леќите на камерата да снимаат повеќе светлина и објекти, како и да ја оптимизираат осветленоста и деталите на вашите видеа. Adaptive Pixel се менува помеѓу режимот со висока резолуција од 108 MP и режимот со висока чувствителност од 12 MP зад сцената за да овозможи посветли и појасни фотографии, се здружува со интелигентниот Detail Enhancer за да ги приспособи сенките и светлата за длабочина.
Нема повеќе двоумење – соврешениот избор за вас е Galaxy S22 Ultra!
За повеќе информации околу овој модел, посетете ја веб страната на Samsung: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




