19 Декември, 2025
0.0438

Самсунг ги претстави новите Галакси Ј6+ (Galaxy J6+) и Галакси Ј4+ (Galaxy J4+) паметни телефони

Дизајн и екран кои воодушевуваат, подобрена камера и високи перформанси по ултра достапни цени!

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2018 11:58

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)ги најави најновите членови на Галакси Ј (Galaxy J)серијата – Самсунг Галакси Ј6+ (Samsung Galaxy J6+)и Самсунг Галакси Ј4+ (Galaxy J4+). Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот Галакси Ј4+ модел од почетокот на октомвриво една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.

Понесени од наследството и иновациите на премиум Галакси уредите, ги креиравме новите Галакси Ј6+ и Ј4+ кои овозможуваат неверојатен стил и технологија со високо-конкурентни цени. Одликувајќи се со неверојатен дизајн и екран, подобрена камера и можности за високи перформанси, двата уреда им овозможуваат на корисниците максимално користење на нивните Галакси Ј паметни телефони.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор за Адриатик Регионот во компанијата Самсунг Електроникс.


Дизајн и екран кои оставаат без зборови

Галакси Ј6+ и Ј4+ се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на Галакси Ј серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, Галакси Ј6+ и Ј4+ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив. Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ “бесконечен“ екран од 6.0 инчи, карактеристичен за премиум Галакси паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата “Поделен Екран“.

Галакси Ј6+ и Ј4+ исто така имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека Галакси Ј6+ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.


Подобрена камера за уште подобро корисничко искуство

Двата нови Галакси Ј модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата. Со двојна камера од 13MP и 5MP, Галакси Ј6+ овозможува креирање на фотографии со природен “бокех“ ефект, а со функцијата “Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.

Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги Галакси Ј6+ и Ј4+ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.

Врвен перформанс

Покрај својот премиум дизајн, Галакси Ј6+ и Галакси Ј4+ нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.

Двата уреди имаат интегрирана “Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните Галакси Ј модели, Галакси J6+ и J4+ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците.Уредите исто така имаати режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошењена батеријата.

Галакси J6+ има3GB RAM меморија и е достапен со меморија – од 32GB, додека Галакси J4+ има2GB RAM и е достапен со меморија од 16GB. Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512GB со микроСД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.

Галакси Ј4+ во Македонија ќе биде достапен во сите три бои во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун и Сетек, додека во продажните салони на ВИП, сите заинтересирани ќе можат да одберат Галакси Ј4+ модел во црна или златна боја.

Можеби ќе ве интересира

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок