19 Декември, 2025
0.0659

Samsung открива кој е виновен за аферата со Galaxy Note 7

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2016 11:08

Добивај вести на Viber

Samsung започна со редовна годишна проценка на персонал која би можела да заврши со откази за 20 отсто од работниците. Може да се прогласат и виновници за неодамнешниот скандал.

Посебно под лупа се наоѓа лидерот на мобилното одделение Кох Донг Јин.

Јужнокорејските медиуми цитираат неименувани извори од Samsung, кои тврдат дека јужнокорејската компанија наскоро тргнува во процес на отпуштање 20% од својот извршен персонал кои во моментов бројат околу 1000 вработени.

Оваа информација доаѓа во време кога Samsung ја започна својата редовна годишна проценка на работата на извршниот персонал, а во декември врз основа на резултатите од проценките по обичај би требало да дојде до некои промени во позициите.

Оваа година критериумите на проценката би требало да бидат многу строги, посебно после скандалот со Galaxy Note 7.

Отказ така би требало да добијат околу 200 работници, а покрај Кох, се набљудуваат и неговите помошници.

Останува да се види дали челниците на компаниите токму нив ги сметаат за одговорни за промашувањето на доаѓањето на  Galaxy Note 7 на пазарот.

Инаку, Кох на позицијата лидер на мобилното одделение дошол пред неполна година дена и се смета за една од најзаслужените личности во фирмата за самото продолжување на Galaxy S и Galaxy Note серија уреди.


Можеби ќе ве интересира

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА