Сара Горди четириест минути танцуваше пред скопската публика
Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2016 11:15
Вчера на 21 октмоври на малата сцена на МОБ скопската публика имаше извонредна шанса да ужива во перформансот на Сара Горди. Сара е 39 годишна танчерка и актерка од Лондон. Но, што е толку посебно за Сара?

Сара е исто така девојка која има Даун Синдром, состојба која не ја сопира секојдневно да ги руши бариерите и стереотипите. Прку танцот и глумата во рамките на вчерашниот настан „Пoчетни услови: вечер со Сара Горди“, Сара во 40 минути успеа да допре многу сензитивни теми како што се прифаќањето на лицата со попречност, сексуалноста и себе изразувањето. Сара воедно е дел од Culture Device Dance Project -иновативна, експериментална и oригинална компанија за професионални танчери со Даунов синдром. Компанијата користи техники на импровизација и експериментални електронски звуци во обидот да помести граници во полето на современа кореографија и да понуди професионална, уметничка и креативна платформа за танчери со Даунов синдром.

По прекрасниот настап на Сара во МОБ, присутните ја продолжија забавата во кафулето Шот Бар во Безистен. Таму кореографот на Сара, Даниел Вајс, во соработка со здруженијата Инлузивни решнија и ЦМД Крик го покажа концептот на танчувачко караоке. Кароке, каде место песна присутни бираат да изведат танц и да покажат што умеат и знаат.

Цела вечер претставуваше еден огромен чекор кон инкузијата на лицата со попречност, па затоа се надевамe дека и вашиот медиум ќе го проследи овој настан и ќе ни помогне во борбата за целосно прифаќање на овие лица.

Уште едно потсетување дека денес во 12 часот исто така ќе има и танц работилница во Јавна соба.

Повеќе информации за настанот можете да добиете кајРосица Колева на тел. 070 390 576, е- маил: koleva.rosica@gmail.com или Марија Матовска на тел. 078/824 – 824, е-маил: marija.matovska@gmail.com.
Настанот е во организација на здружението Инклузивни решенија- Скопје, а со финансиска помош од здружението Јохан Штраус.
Линк од здружението: https://www.facebook.com/inclusivesolutionsskopje/?fref=ts
Повеќе за проектот Culture Dance: http://www.culturedevicedanceproject.com/en/homeМожеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




