Сарачини: Подем во сегментот на минерални суровини
Објавено во: Економија 27 Август, 2013 13:09
Раст од 6,7 отсто и 8,4 проценти зголемување на бројот вработени, се основните показатели кои го потврдуваат подемот во сегментот минерални суровини.
Како што рече министерот за економија Ваљон Сарачини, кој денеска им ги додели плакетите на најуспешните рудари годинава, рударството моментно ангажира преку 10.000 лица и останува еден од приоритетните сектори.
- Изминатите две години максимално се посветивме на создавање поволна бизнис-клима за развој на рударството, преку дијалог со компаниите направивме суштински измени во Законот за минерални суровини како клучна правна рамка. Само годинава издадовме над сто договори за концесија што е раст од преку 30 отсто. Сите овие податоци јасно укажуваат на успешната приказна во овој сектор кој е од огромно значење за економијата и на локално и на национално ниво, истакна Сарачини.
Тој апелира до инвеститорите, не само да го почитуваат Законот за минерални суровини, туку и да одат чекор понапред за подобрување на условите за работа на рударите.
Според претседателот на Македонската асоцијација на рударство Николајчо Николов, рударството во земјава бележи подем од 2005 година. Засега над 200 регистрирани фирми се занимаваат со оваа дејност, многу од нив се успешно приватизирани и одлично работат. Се подобрува и извозот, особено на рудниците за метали кои стопроцентно се ориентирани кон пазарите надвор.
- За да имаме добри рудари треба да се исполнат три основни услови, обезбедување редовна плата, бесплатен оброк и облека по европски стандарди, напомена Николов.
Рударите се генерално задоволни од актуелните услови за работа, газдите, велат, ја обезбедуваат потребната опрема, но и инспекторите си ја вршат работата. Имаат бенефициран стаж, а работат вкупно 40 часа неделно. Работното време им е осум часа дневно од кои седум и пол ефективни и 30 минути одмор.
Како што истакна Николов, невниманието во работата и непочитувањето на редот и дисциплината се најчестите причини за несреќите во рудниците. Последнава година е регистриран еден смртен случај во секторот.
Плакетите им беа доделени на рударите по повод утрешниот празник Богородица која се смета за нивен заштитник.
Можеби ќе ве интересира
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?




