Сашо Василевски ја стаписа поворката на „Македонија Блокира“
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2018 21:16
Сашо Василевски, исклучениот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за отворање на уставните измени, ја пречека поворката на „Македонија Блокира“ пред неговиот дом во Охрид, но ја стаписа сос ставот дека земјата има само еден пат - да стане членка на НАТО и ЕУ што е можно побрзо.
Тој не го прими протестното писмо кои членовите на „Македонија Блокира“ и им кажа истото да го упатат на адреса на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој гласал без да му се врши никаков притисок.
-Македонија има единствен пат, да станеме членка на ЕУ и на НАТО асоцијацијата. Како пратеник ќе се борам да го јакнеме и стратешкото партнерство со САД, затоа што најкусиот пат до двете асоцијации е преку Вашингтон, им рече Василевски.
Тој додаде дека писмото е задоцнето, дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирана дури и од сестринската Европска народна партија и дека лидерот Христијан Мицкоски не може да се крие зад 1,2 милиони, како што рече тој, „виртуелни“ негласачи на референдумот.
Од пред домот на Василевски, учесниците на протестниот марш за упатија и кон домот на пратеникот Љубен Арнаудов, а во средата беа примени во домот на Крсто Мукоски во Вевчани.
Овие тројца пратеници беа во куќен притвор по настаните на 26 април, но беа пуштени да се бранат од слобода и да обезбедат двотретинско мнозинство на 19 октомври.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




