Савески: Заев им удоволи на богаташите со одложување на прогресивниот данок
Објавено во: Финансии 11 Септември, 2018 12:10
Здравско Савески од Левица на својот фејсбук профил истакна статус во кој вели дека референдумот на 30 септември му е само оправдување на македонскиот премиер Зоран Заев да го одложи спроведувањето на прогресивниот данок и дека владата нема намера истиот да го спроведе бидејќи не сака да им наштети на оние со богати приходи.
Според Савески, Заев всушност нема намера да го имплементира данокот, туку истиот му служи само за кампања.
„Без премногу врева, повторно го „одложија“ враќањето на прогресивниот данок. Уште едно изборно ветување - „одложено“. Баш супер им легна економската политика на Грујо. Тој мислеше да им удоволи што повеќе на богатите, овие - исто. Па зошто тогаш да ја менуваат неговата економска политика? Малку јачење на зборови во изборна кампања и - толку.
Но, треба и самите да се запрашаме, од која доза пиење мастило ќе се засркнеме? Жално е да се гледа како, по медиумското перење на мозокот, луѓе чиј класен интерес налага одбрана на прогресивното оданочување, како тие во хор ги бранеа позициите на газдите за доброто на - газдите.
Нека ни е на здравје крпениот живот што ќе продолжи и со сегашната власт и по влегувањето во НАТО“, напиша Савески.
Заев претходно образложи дека даночната реформа, односно поголемиот зафат кај оние со поголеми приходи се одложува за по рефрендумот на 30 септември, поради приоритетите во овој период.

Можеби ќе ве интересира
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани




