05 Декември, 2024
0.0260

СЦЕНАРИЈА: Штедење или подлабок буџетски дефицит?

Објавено во: Финансии 02 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Дали ќе се остварат зацртаните буџетски проекции за годинава? Дали ќе се репризира 2013 та година кога буџетскиот дефицит од 3,5% се зголеми на скоро 4% од Бруто домашниот производ? Серија на прашања отворија податоците од Предизборниот извештај на Министерството за финансии, според кои за два ипол месеци Владата потрошила 207 милиони евра или 70% од планираниот дефицит за целата буџетска година. Економистите упатуваат на две можни сценарија за тоа како ќе заврши оваа 2014 та година: штедење или подлабок дефицит. БУЏЕТ: Државната каса под изборен притисок – дали се создава скриен дефицит?   Мартовски повисоки пензии, најава за повисоки плати во администрацијата, десетци милиони евра за субвенции. Дополнително,  трошоци за редовните предтседателски и непланираните парламентрани избори. Според експертската јавност, трошењата во предизборие навестуваат уште една економска година во која се можни отстапувања од сегашните буџетски позиции во пакет со зголемување на проектираниот буџески дефицит. Според најновиот Предизборен извештај што го објави Министерството за финансии, само за два ипол месеци, или од почетокот на годината до 19 ти март се потрошиле скоро 208 милиони евра или 70% од буџетскиот дефицит планиран за целата година.
“Со вакво темпо на трошење речиси е невозможно Владата да го оддржи планираниот буџетски дефицит, кој практично значи задолжување. Точно е дека сега се исплаќаат на пример субвенции кои претхотдно требале да бидат исплатени. По изборите, кога ќе се запре со исплата на субвенции практично се генерира нов долг по овој основ. Токму на ваков начин, со одложување на обврските се “создава скриен“ дефицит кој е поголем. Од друга страна ние, исто како и лани, можеме да се доведеме во состојба во која Владата ќе троши повеќе отколку што е овластена од страна на Собранието. Сметам дека со сегашното темпо на трошење, буџетскиот дефицит и оваа година ќе се продлабочи а со тоа и долговите на земјата, без разлика дали тоа ќе бидат задолжувања од домашни или од странски кредитори.“ – вели за “Фактор“ еден од поранешните министри за финансии и екс-гувернер Петар Гошев.
Од почетокот на годината до 19 ти март, во држаната каса се слеале приходи во вредност од 457 милиони евра. Од нив најголем дел или скоро 407 милиони евра се по основ на даночни приходи и социјални придонеси. Од даночните приходи пак најголем дел од парите се обезбедени од наплата на домашните даноци на стоки и услуги, потоа од ДДВ и од акциза. Во истиот период од државниот буџет се потрошени 665 милиони евра. Буџетскиот дефицит до 19 ти март изнесува 207,7 милиони евра. Според министерството за финансии, реализацијата на буџетот е во согласност со планираната динамика.
“Со ваквата реализација се обезбеди нормално функционирање на сите институции корисници на средствата од Буџетот и навремено сервисирање и исплата на сите законски обврски. Реализацијата на приходите и расходите на Буџетот на Република Македонија е согласно планираната динамика и истата непречено се одвива согласно ликвидноста на Буџетот. “ – пишува во Предизборниот извештај на Министерство за финансии.
Во овој период за исплата на плати и надоместоци се потрошиле близу 93 милиони евра, пари со кои се исплатиле декемвриската, јануарската и февруарската плата за вработените што се  буџетски корисници. За еден месец или од 14 ти февруари, кога се објави првиот Предизборен извештај,  до 19 март, кога се објави вториот Предизборен извештај,  податоци покажуваат дека има значаен пораст на расходите за стоки и услуги. Така, ако до 14 ти февруари за оваа намена биле потрошени 65 милиони евра, во периодот од 14 ти февруари до 19 ти март се потрошиле уште 64,4 милиони евра. Голем пораст има и кај исплатите по основ на субвенции, или за еден месец сумата се зголемила за 54 милиони евра. Еве за што и колку трошеше државата од почетокот на годината, па во предизборниот период, заклучно со 19 ти март: Субвенции и трансфери      86,1 милион евра Стоки и услуги                    130,4 милиони евра. - договорни услуги                70,4 милиони евра - патни и дневни раходи       2,6 милиони евра - комунални услуги               16,9 милиони евра Социјални бенефиции         219,4 милиони евра Економистите посочуваат две сценарија за да се истурка целата буџетска година. Во првото, за да се одржи планираниот буџетски дефицит од 300 милиони евра или 3,5% од БДП, Владата постизборно ќе мора да силно да го стегне ременот, односно да забави со трошењата.  . Ова сценарио, и под услов да се реализираат сегашните очекувања за буџетските приходи,  би било тешко да се реализира бидејќи Владата нема голем простор за евентуални кратења во буџетот, освен од ставката капитални расходи. Доколку пак се крати од оваа ставка, која е клучниот адут за економскиот раст, би можело да има негативни импликации врз целата економија. Во второто сценарио, би се репризирала 2013 та година во која предизборните трошења на крајот резултираа со раст на буџетскиот дефицит од 3,5% на 3,9% од БДП. Имено, доколку продолжи  сегашното темпото на  тршења, тогаш според економистите на удар ќе биде буџетскиот дефицит, односно негово продлабочување, кое ќе повлече нови задолжувања. Една од клучните пораки на Меѓународниот Монетраен Фонд беше онаа за одржување на сегашните зацртани  буџетски проекции со натамошна финансиска консолидација. Неодамна кредитната агенција “ФИЧ“ која ја задржа оценката  “ББ+стабилен“ за Македонија, посочи дека лани буџетскиот дефицит бил 4% од БДП и дека до 2015 та година не очекува намалување под 3%.
“Дефицитот на централната власт остана непроменет во 2013 година во споредба со 2012 година, на 4% од БДП. Таргетот за дефицитот во 2014 од 3,5 % е веродостоен, и нема да падне до 3% до 2015 година, се додека владата има високи капитални трошоци. “ – пишуваше во неодамнешниот извештај на “ФИЧ“.
И во февруари – раст на Јавниот Долг! Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во февруари Јавниот долг на Централната Влада изнесува 2 милијарди и 808 милиони евра или 35,2% од БДП. Во однос на февруари, или за еден месец Јавнот долг е зголемен за 34 милиони евра, пришто пораст има и кај внатрешното и кај надворешното задолжување.  Така, кон надвор долговите на Централната влада достигнаа 1 милијарда и 607 милиони евра додека внатрешниот долг за прв пат надмина 1 милијарда и 200 милиони евра. Вчера по основ на продажба на државни хартии од вредност Владата кај домашните кредитори се задолжи со 95 милиони евра а денска по основ на доспеани долгови треба да се раздолжи со 134 милиони евра. Главно, преку заемите, односно новите задолжувања се обезбедуваат средства за враќање на веќе допспеани долгови. Со почетокот на оваа година, владата ја издаде и првата обврзница со рок на доспевање од 10 години а вредност од околу 3 милиони евра. Државата преку Фискалната стратегија за годинава најави дека ќе се сврти кон долгорочни задолжувања на домашен терен, издаваќи записи со рок на доспевање од 5,7 и 10 години. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра