19 Декември, 2025
0.0392

СДСМ е за една изборна единица

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2018 09:00

Добивај вести на Viber

Најголемите парламентарни политички партии работат на усогласување на ставовите за измените на изборните закони со кои е опфатен и изборниот модел, а од владеачката СДСМ се изјаснија дека се за една изборна единица со отворени листи и очекуваат сите ревелантни политички партии да се согласат со нивниот предлог.

- За цензусот како што сум информиран уште не е разговарано, првин е потребно да се постигне согласност дали сите имаат волја да преминат кон трансформација на изборниот модел, укажа координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев и дополни дека има несогласувања кај одредени политички партии околу потребата од измени на изборниот модел.

Новини од исходот на разговорите на партиските комисии не кажа ниту координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, но потенцираше дека очекува квалитетен изборен законик.

Реџаил Исмаили, координатор на пратеничката група на ДУИ, пак, вели  дека нивен предлог е изборен модел со три изборни единици.

- ДУИ беше за тоа да имаме три изборни единици за да имаме застапеност во Собранието од сите региони. Ако не помине тоа остануваме на старото решение со шест, бидејќи сметаме дека изборниот модел со една изборна единица не одговара на сите граѓани, односно на сите региони во државата, рече Исмаили, дополнувајќи  дека со една изборна единица многу региони би им останале непокриени со пратеници.

Пратеникот на БЕСА Фадил Зендели, рече дека тие сметаат оти шест изборни единици се многу за Македонија како мала држава по територија и оти се залагаат за помал број изборни единици и отворени листи.

- Според досегашното функцинирање на овој систем, сметаме дека треба да има помалку изборни единици. Дали ќе има една,  две, три, тоа е прашање кое може да го договорат политичките партии, експертите и сите заинтерсирани кои може да придонесат за ова прашање. Како политички субјект сме за пропорционален систем со отворени листи. На овој начин можеме повеќе да придонесеме кон демократизација на општеството и за поквалитетни кадри во Собранието на наредните избори, рече Зендели.


Можеби ќе ве интересира

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?