05 Декември, 2025
0.0349

СДСМ го нема, без него се може: Владата се задолжи кај Светска банка со 50 милиони долари!

Објавено во: Финансии 28 Декември, 2012 19:01

Добивај вести на Viber

Владата се задолжи со 50 милиони долари ка Светска Банка. Собранието денеска го усвои законот за задолжување по Договорот за заем за Прв програмски заем за развојни политики за конкурентност, по скратена постапка. Првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност од Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка ќе и биде доделен на Република Македонија во износ од 38.7 милиони ЕВРА (еквивалент на 50 милиони САД долари) и истиот се очекува да биде повлечен во една транша до крајот на 2012 годинаm стои во образложениетот на законот. Целта на овој заем, се наведува, е да се обезбедат средства  за буџетска поддршка. Клучните активности кои ќе се поддржат со овој заем се поделени во четири области и тоа: Развој на производство со висока додадена вредност; Олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор; Подобрување на ефикасноста на услугите на трговската логистика; Воспоставување флексибилност на пазарот на труд, развој на вештини и иновација. На 22-ри октомври 2012 година, во Канцеларијата на Светската Банка во Скопје беа одржани преговорите со претставници на банката, за склучување на Договор за заем за Првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност по што  Бордот на извршни директори на Светската банка го одобри Првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност. Законот за задолжување прво мина на Комисијата за финансирање и буџет, која во отсуство на претседателот Марјан Николов, ја водеше пратеничката на владејачката коалиција, Владанка Авировиќ. И овој закон е донесен без пратениците на СДСМ, кои веќе не учествуваат во работата на собранието, поради настаните кога беше донесен Буџетот, на кои им беше оневозможено да присуствуваат на седницата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“