СДСМ не може да го преболи пресвртот во Струмица, советникот направи срамен чин
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017 10:00
Прес конференција на советничката група на ВМРО ДПМНЕ на која се пофалија дека имаат ново мнозинство во општина Струмица и дека ќе бараат нов претседател на Советот и нов в.д. градоначалник, е само уште една грда, но сосема вистинска слика за состојбата во која се наоѓа оваа партија, велат од СДСМ.
- Небулозите кои беа презентирани на оваа прес конференција, само ја потврдуваат вистината која повеќе пати сме кажале, а таа вистина вели: „ВМРО ДПМНЕ, и се е можно“. Тврдењето дека неморалниот чин на еден поединец, претставува волја на граѓаните на општина Струмица, е во најмала рака манипулација без преседан. На последните три локални избори, вклучително и на последните, СДСМ извојуваше убедливи победи, како во изборот на градоначалник, така и во изборот на советници. Ете тоа е вистинската волја на граѓаните на општина Струмица.
За победничката советничка листа на СДСМ на последните локални избори својот глас го дале 18.425 граѓани. Замислете, волјата на 18.425 граѓани е погазена од само еден граѓанин, кој е член на Советот на општина Струмица, човек кој не бил на некоја независна листа, туку на листата на коалиција предводена од СДСМ. Ќе беше доблесно, советникот Методи Витанов, на денешната прес конференција да проговори за причините на својот премин во губитничкиот табор. Тоа е должен да го стори пред сите граѓани на општина Струмица, а особено пред оние 18.425 граѓани кои го дале гласот за листата на СДСМ на која бил и тој. Се поставува прашањето, како тоа, по поминати безмалку 4 години во победничкото мнозинство, на прагот на новите локални избори, господинот Витанов одлучува да го погази сето тоа што го сторил во изминатиот период, заедно со советниците на СДСМ. Ова е срамен чин, за кој секој коментар би бил излишен. Го повикуваме господинот Витанов да ја преиспита својата одлука и да ја симне својата огромна дамка кој самиот си ја става, дамка која ќе го следи цел живот.
Но, едно е повеќе од сигурно, новонастаната ситуација е само предвесник за големиот пад на ВМРО ДПМНЕ на државно и локално ниво, и вовед во уште еден нивен убедлив пораз на претстојните локални избори, соопштуваат од СДСМ Струмица.
Можеби ќе ве интересира
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




