16 Јануари, 2025
0.0292

СДСМ обвинува - Талески вработувал од куќен притвор

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Од СДСМ Битола денеска обвинија дека  градоначалникот Владимир Талески  додека бил во куќен притвор, распишувал огласи за вработување во општинската администрација. 

Од партијата тврдат дека вработувањата се незаконски затоа што  не добиле согласност од Советот на Општина Битола. Советникот Благојче Котевски објасни дека се работи за вработувања на 19 државни службеници, а огласот за вработување во Општина Битола е од 26 август. 

„Општината треба да има годишен план за вработување кој треба да биде доставен и усвоен од Советот на Општина Битола до 31 март 2016 година. Таков план Советот нема изгласано. Секое работно место во овој оглас е поврзано со национална припадност. Имено, советникот за локални патишта и улици треба да биде Албанец, раководителот на одделот за администрација и општи работи – Македонец, а советникот за водење на постапка за јавни набавки – Ром. Ова е директно кршење на членот 9 од Уставот на РМ, кој гарантира еднаквост без разлика на национална, етничка, родова и на социјална припадност“ – кажа Котевски.

СДСМ најави дека ќе поднесе прекршочна пријава против Општина Битола како објавувач на овој оглас.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека Советот ги одобрил вработувањата со тоа што го донел буџетот, во кој се предвидени средства за новите лица што ќе се вработат.

„Советот на Општина Битола веќе даде согласност преку донесување на буџетот, во чии рамки заеднички предвидовме средства за нови вработувања “– вели  Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа рече дека планот за вработување го одобрило Министерството за информатичко општество и администрација.


Можеби ќе ве интересира

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус