06 Октомври, 2024
0.0322

СДСМ: Расипничка власт, расипнички буџет!

Објавено во: Економија 18 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Буџетските приходи ќе растат, дефицитот се зголемува на 3,6% од БДП. Министерот за финансии го објави ребалансот на Буџетот, изјавувајќи дека со прекројување на буџетската каса нема да има кратење  од ниту едно министерство. Сепак, ребалансот на буџетот повторно ги судри СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. СДСМ обвинува дека станува збор за нелогичен потег дека власта повторно манипулира со бројките. „Само Ставрески и Груевски може да предложат Ребаланс во којшто ја намалуваат стапката на раст за повеќе од 10%, а истовремено проектираат дека приходите ќе растат“ вела до СДСМ. Според нив е двоецот Ставрески и Груевски манипулираат дека во 2015 година приходите може да изнесуваат фантастични 167 милијарди денари. „Доколку се задржи сегашниот месечен просек на приходите, тие нема да надминат повеќе од 160 милијарди денари. Тоа ќе значи нов дефицит од 6 милијарди денари, што заедно со планираниот ќе изнесува над 430 милиони евра“ велат од СДСМ. Додаваат дека се корегира стапката на раст од 4 на 3,5 отсто од БДП за 2015, а продолжуваат да тврдат дека буџетот за 2015 ќе изнесува 9 милијарди евра. „Очигледно Груевски не може да се договори со себе или со кумот Ставрески во каква состојба е економијата, зашто ако Буџетот е во “одлична кондиција“ тоа значи дека премиерот 3 месеци непотребно ја плаши јавноста дека политичката криза предизвикала криза во економијата.“ Ставрески вчера објави подобри даночни приходи во буџетот. “Тоа е резултат на повисоките даночни приходи кои согласно новата проекција ќе бидат повисоки за 6,051 милијарди од првично планираните. Неданочните и капиталните приходи ќе бидат пониски за 1,73 милијарди денари од првобитно предвидените,“ изјави министерот Ставрески кој посочи дека за првите шест месеци од годинава во споредба со лани истиот период приходите се зголемени за 14 проценти или за околу 6 процентни поени во однос на она што е планирано со сегашниот Буџет. Податоците за првата половина од годинава покажале намалување кај приходите од носечкиот данок ДДВ, додека зголемување мало од данокот на добивка и од акцизата. “Кај ДДВ имаме нешто пониско остварување од планираното, но тоа е целосно искомпензирано со повисоките приходи од данокот на добивка и акцизите. Вкупно земено приходите се појаки и поголеми од планираните што создаде добра ситуација во смисла дека Буџетот е во добра финасиска кондиција и ребалансот се прави од таа појдовна основа“, појасни Ставрески. Министерството проектираше повисоки буџетски приходи, од друга страна ја ревидираше стапката на економски раст од 4% на 3,5%. СДСМ тврди дека предложениот ребаланс единствено може да помине кај гласачката машина на моменталното владеачко мнозиство во Парламентот. Тој е полн со нелогичности по што е препознатлива расипничката власт на Груевск, изјавија од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?