СДСМ со реакција: ПОСЕТАТА НА МИЦКОСКИ НА УНГАРИЈА ОТВОРА СОМНЕЖИ ЗА ПОВЕЌЕ СУДСКИ ПРОЦЕСИ ПРОТИВ ГРУЕВСКИ
Објавено во: Македонија 04 Април, 2022 13:25
Со честите посети на Будимпешта во клучни периоди се покажува дека единствена цел на Мицкоски е да го одбрани криминалот на Никола Груевски, сметаат од СДСМ.
„Очигледно е дека Христијан Мицкоски е по нови насоки и задачи кај неговиот шеф и ментор, Никола Груевски“, реагираат од СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека беше во Будимпешта, Унгарија, за да ја следи изборната ноќ од штабот на сестринската партија Фидес на старо-новиот унгарски премиер Виктор Орбан.
Според социјалдемократите, посетата на Будимпешта отвора сомнежи за судските процеси против Груевски, при што социјалдемократите го споменуваат предметот „Плацови на Водно“ кој е во својата завршница.
„Посетата на Мицкоски на Унгарија отвора сериозни сомнежи и во врска со повеќе судски случаи кои се водат во земјава против Никола Груевски и поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Дали Груевски му ја кажа стратегијата на Мицкоски за одбраната во случајот ’Плацови на Водно‘? Во овој судски предмет, Груевски е обвинет за сторено кривично дело перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Со честите посети на Будимпешта во клучни периоди се покажува дека единствена цел на Мицкоски е да го одбрани криминалот на Никола Груевски“, реагираат од СДСМ.
Според социјалдемократите, ВМРО-ДПМНЕ сè уште е партија раководена од Никола Груевски, партија која е единствена на браникот на криминалот на режимот.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




