19 Декември, 2025
0.0515

Се бара консултант за железничката пруга Крива Паланка-Деве Баир

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2014 13:01

Добивај вести на Viber

Делегацијата на ЕУ го одобри предлог-проектот за изработка на основниот проект за делницата Крива Паланка-Деве Баир (граница со Република Бугарија) со средства од инструментот ИПА во висина од 3,5 милиони евра. Министерството за транспорт и врски веќе распиша јавен повик за избор на консултант кој ќе треба да го изработи основниот проект за рок од 22 месеци. Со изработката на основен проект за оваа делница ќе се заокружи целиот проект за железничкиот Коридор 8, односно железничката пруга кон Бугарија со комплетна проектна документација. Рокот за пријавување е до 20.11.2014 година. Првичните проценки се дека изградбата на оваа делница ќе чини 330 милиони евра но точната сума ќе се знае по изработката на основниот проект. Проектната документација ќе биде основа за понатамошни инвестиции во градежни активности. Во тек е изградбата на првата железничката делница од оваа пруга, на делот од Куманово до Бељаковце во должина од 31км. Според договорот со компанијата Вибе изградбата на оваа делница ќе чини 39 милиони евра а се планира да се заврсши во третиот квартал на 2016 година. За втората делница од Бељаковце до Крива Паланка потпишан е договорот за изработка на основниот проект по што до 2015 година треба да биде избрана и компанијата која ќе ги извршува градежните активности на овој потег. Компанијата Обермаер Хелас ЛТД која го доби тендерот за изработка на основниот проект има обврска во рок од 24 месеци да ја изготви целосната проектната документација. Според акциониот план, градежните работи на оваа делница ќе започнат во првиот квартал од 2016 година. Инвестицијата за изградба на оваа делница (Бељаковце - Крива Паланка) ќе чини 145 милиони евра за што преговорите со ЕБОР се финализирани и се очекува да се потпише Договор за заем меѓу Министерството за финансии и ЕБОР. Должината на оваа делница е 34 километри. За последниот трет дел на Коридор 8 - Исток од Крива Паланка до Деве Баир на бугарската граница, долг 23,4 километри, од страна на Европската Унија се алоцирани 3.5 милиони евра, средства кои претставуваат грант од ИПА компонентата за регионален развој во рамките на Оперативната програма за регионален развој, информира Министерството за транспорт и врски. „Во оваа насока, стратешка определба на Владата на Република Македонија е финализирање на оската исток-запад на нејзина територија, односно железничкиот дел од Коридорот 8, кој е заеднички приоритет за сите земји од регионот за поврзување транспортните текови од Јадранското и Јонското Море со оние од Црното Море“, велат од ресорното Министерство.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата