16 Декември, 2025
0.0463

Се бараат ученици-техничари по хортикултура

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2018 10:48

Добивај вести на Viber

Средното стручно училиште „Киро Бурназ“ од Куманово од оваа година ќе понуди нов образовен профил - техничар за хортикултура, а ќе може да се запишат ученици за една паралелека, соопшти денеска училиштето, по барањето што го доставиле. Министерството за образование и наука им одобрило нова насока. Паралелеката ќе биде формирана согласно со потребите на локалниот пазар на трудот за дејноста хортикултура.

- Согледувајќи ги потребите од стручен кадар во нашиот град и недостигот од стручни лица во областа на цвеќарството, првенствено а и во други градинарски култури, но и соочувајќи се со интересот на голем број основци со кои разговаравме во текот на презентациите на нашето училиште, со задоволство можеме да кажеме дека од оваа учебна година ќе им излеземе во пресрет на нивните желби и во нашето училиште ќе можат да се образуваат за идни техничари за хортикултура, изјави Весна Трајковска, директор на училиштето. 

Покрај општообразовните предмети, учениците ќе изучуваат стручни предмети и ќе имаат практична настава, која ќе се реализира во рамки на училиштето кое располага со одредено земјиште, но во најголем процент практичната настава ќе се одвива во работните организации кои се занимаваат со оваа дејност.

- Ова ќе биде прва генерација на ученици кои ќе го завршат овој профил, па затоа и нивните можности се многу поголеми по завршување на училиштето во однос на вработувањето. Освен што полесно ќе можат да најдат работа, ќе можат и сами да отворат свој сопствен бизнис и да напредуваат во работењето, затоа што реалните потреби на нашиот град се навистина големи за вакви кадри од областа на хортикултурата, додаде Трајковска.

По завршување на училиштето, учениците имаат можност да продолжат со високо образование, но ќе може да се вработат и по струки, со што ќе ги задоволат потребите на компаниите од оваа дејност за стручен и квалификуван кадар.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат