Се ближи Божиќ - Европа ги олабавува мерките
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Ноември, 2020
За празниците, Европа делумно ќе се врати во нормала.
Бидејќи се ближи Божиќ, земјите во Европа ги олабавуваат мерките воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Општите ограничувања на движењето, според францускиот претседател Емануел Макрон, би требало да бидат укинати на 15 декември. Германија планира да дозволи 10 луѓе да слават заедно Божик, а Англија, Ирска, Шкотска и Велс ќе дозволат лица од три домаќинства да бидат на едно место пет дена. Макрон најави попуштање на строгите антикорона-рестрикции во земјата.
Од сабота продавниците во Франција ќе бидат повторно отворени. Граѓаните повторно ќе можат подолго да ги напуштаат своите домови, односно три часа дневно во радиус од 20 километри. Од овој викенд ќе бидат отворени и црквите, дадена е можност за одржување богослужби, но со максимално 30 верници.
Карантинот во Англија ќе заврши на 2 декември, по што различни делови од земјата ќе се соочат со различни ограничувања, во зависност од регионот.Инаку, Европа беше посочена како место каде најбрзо се шири коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.